Пет начини за подобра концентрација

Имате проблеми со концентрацијата? Никако не успевате да ги завршите обврските што сте си ги зацртале? Прочитајте ги овие пет корисни совети за подобра концентрација. Можеби ќе ви помогнат да станете поефикасни, побрзи и подобри.1. Отстранете ги работите што ви пречат
Сите сме биле во таква ситуација. Мора да сработите нешто важно, но тогаш ви текнува да проверите што има ново на Фејсбук, па ги проверувате пораките, па слушате малку музика… Потребно е да ги тргнете сите овие работи што ја отежнуваат концентрацијата. Исклучете ги сите интернет страни што ви го одвлекуваат вниманието, или воопшто исклучете го интернетот ако не ви треба за работата. Ако не можете да тргнете сè, барем ослободете се од тоа од што можете. Сепак, докажано е дека одредено количество на врева може да биде корисно за концентрацијата. Затоа тивката инструментална музика веројатно нема да пречи.
2. Обрнете внимание на вашето внимание
Ова е навистина важно. Размислете што е тоа што ви го одвлекува вниманието и потоа повратете ги своите мисли назад. Секогаш кога ќе се случи мислите да ви одлутаат употребете ја оваа техника и вратете си го вниманието.

3. Не нервирајте се
Немојте да се нервирате поради тоа што ви залутале мислите. Бидете среќни што сте го сфатиле тоа и што се вративте во реалноста. Не треба да сте бесни и разочарани што мислите постојано ви лутаат, подобро доживејте го тоа како момент на опуштање и тогаш подобро ќе продолжите со работата. Главна работа кај концентрацијата е повторувањето. Затоа секој работен циклус треба да биде пријатен, а не полн со стрес. А бидејќи секое повторување на работата ви станува попријатно, со тек на време ќе бидете способни да работите со часови без поголеми проблеми со вниманието.

 
4. Опкружете се со вистински луѓе
Ова не би требало да претставува поголем проблем. Само скокнете до најблиската библиотека. Кога сте опкружени со фокусирани луѓе кои мирно извршуваат некои важни обврски и на вас ќе ви биде многу полесно да се сконцентрирате. Влијанието на околината има многу поголемо дејство врз нас отколку што можеме да претпоставиме.5. Кога ќе се уморите…
Тогаш правете нешто сосема поинакво. Ако сте изморени од работа или од напорно учење одете да возите велосипед, гледајте филм или правете нешто друго што ве исполнува. И нормално, секогаш кога ќе почувствувате замор, ако сте во можност, престанете со активностите. Паузите се секогаш важни. Физичката активност е одлична за ментален одмор. И секако, запомнете дека упорноста секогаш се исплатува.

Извор. think.mk1. Отстранете ги работите што ви пречат
Сите сме биле во таква ситуација. Мора да сработите нешто важно, но тогаш ви текну

Пронајдете не на следниве мрежи: