Пет најлоши оброци кои не треба да ги консумирате пред и за време на патувањето со авион

 
Тајната на доброто патување со авион е нашата диета, односно исхрана пред и за време на летот. Постои храна која во никој случај не треба да ја конзумирате пред полетувањето или за време на самиот лет.
1.Хамбургери, буреци и слична брза и нездрава храна.
Храна која е богата со зачини и маснотии можеби е вкусна, но воопшто не му помага на нашиот организам да се избори со стресот кој се појавува пред и за време на нашето патување.

 
2. Грав, зелка, кромид, лук и некои други прехрамбени продукти кои предизвикуваат гасови во стомакот и имаат силен мирис и вкус не само што можат да ве засрамат, но се и опасни. Замислете го вашиот надуеан стомак во комбинација со притисокот кој владее во авионската кабина.
3. Алкохол.
Избегнувајте го алкохолот, затоа што во комбинација со стресот и нервозата, придонесува кон поголема дехидрација на целокупниот организам. Ако сепак инсистирате за некој коктел во баровите на интернационалните аеродроми или брзо пивце за разделба со најблиските,  не заборавајте да испиете доволно количество на вода во авионот.

4. Газирани безалхохолни пијалаци.
Можеби додека ги конзумираме се чувствуваме добро, но придонесуваат кон подуеноста на стомакот и побрза дехидрација на организамот. Чистиот шеќер што е составен дел на повеќето газирани пијалаци е штетен сам по себе.
5. Продукти со вештачки засладувачи.
И вештачките засладувачи можат да предизвикаат гасови во стомакот затоа што едноставно нашиот организам не може да се справи со овие вештачки хемиски соединенија. Овие опасни материи кои секојдневно ги употребуваме на некои луѓе делуваат лаксативно, па се во опасност летот да го поминат во тоалет.

Прочитајте повеќе: Храна која ни го скратува животот 
Тајната на доброто патување со авион е нашата диета, односно исхрана пред

Пронајдете не на следниве мрежи: