Пет намирници кои се ужасни за вашите заби

Некои работи се многу лоши за забите: газирани сокови, бомбони, енергетски напитоци- секоја од овие намирници содржи шеќер, а тој е едн од главните виновници за кариес.Доколку се грижите за оралната хигиена, веројатно веќе ги избегнувате овие работи. Но тоа не значи дека сте ги сочувале забите- овие 6 намирници се тајни непријатели на убавите заби.
Цитрони
Витаминот С од портокалот е важен за одржување на колагенот во десните, но доколку претерате со цитроните, можете да ги загрозите забите.
Доколку цитроните се во костантен контакт со забите, можат да ја омекнат и нагризаат вашата глеѓ. А таа не се регенерира.
Како да спречите:
Откако ќе изедете цитрон или напијте се чаша сок или вода. По 20 минути измијте ги забите.
Бадеми
Бадемите содржат голема количина витамин Е и многу здрави масти кои ве заситуваат брзо.
Но не се баш добри за забите, толку се тврди што може за ви пукне забот додека ги гризете.
Како да спречите:
Не ги јадете цели бадемите, исецкајте ги. На тој начин ќе ги намалите шансите да ви пукне некој заб.

Кисела храна
Киселите краставичи се совршени за сендвичи: имаат малку калории и имаат убав вкус. Но можат да бидат проблем за забите.
Покрај високото ниво на киселост, оваа храна често содржи шеќер, уште еден непријател на забите.
Како да спречите:
Откако ќе изедете нешто од туршија, изедете парче сирење. Тоа не е кисело и има високо ниво на калциум а со тоа се неутрализираат многу киселини.
Суво овошје
Сувото овошје има високо ниво на шеќер, бидејќи целата вода од него е истисната, па тој шеќер лесно се лепи за забите. А кога шеќерот ќе се залепи за забите, може да привлече многу бактерии кои долго се задржуваат.
Како да спречите:
Најубаво е сувото овошје да го јадете само дома. Така веднаш по конзумирањето ќе можете да се напиете чаша вода, а по 20 минути да ги измиете забите.
Кафе
Кафето е полно со антиоксидански, но ги бои забите. Во текот на процесот на боење, бактериите лесно се таложат и задржуваат на забите.
Како да спречите:
Не морате непрестјно за пиеете кафе за да ги обоите забите. Доволни се и две до три шољи дневно, поготово ако порите на забите ви се големи. Доколку не можете да ја намалите количината кафе, прејдете на ладно кафе и пијте го со сламка за да го намалите контактот со забите. Наместо шеќер ставете малку млеко во кафето.
Путер од кикиритки
Путерот е леплив и долго останува во контакт со забите, па лесно можете да добиеете кариес.
Како да спречите:
Најдете природна варијанта на путер, без додаден шеќер кој е главен виновник за лепење на путерот за забите.
 
 Доколку се грижите за оралната хигиена, веројатно веќе ги избегнувате овие работи. Но тоа не значи дека сте ги сочувале забите- овие 6 намирници се

Пронајдете не на следниве мрежи: