Пет намирници за брзо опоравување по исцрпувачкото вежбање!

Овие намирници се препорачуваат по исцрпувачко вежбање, бидејќи ја враќаат енергијата и ги опоравуваат мускулите.Колку често ви се случува да имате проблем со запаление на мускулите после интензивното вежбање? Тешко ви е да станете, да седнете, да се симнете од автобус и веќе со денови пиете нешто против болки.. Многу често?
Да, запознаени сме со тој факт. Затоа решивме да одбереме за вас пет намирници кои го смируваат запалението на мускулите, а вас ве држат со полна енергија.
Боровница
По вежбањето пробајте да изедете овошна салата богата со боровници. Не само што се вкусни, туку се и моќен антиоксиданс кој ја намалува болката и поттикнува опоравување на мускулите.
Ананас
Ова овошје е богат извор на ензими познати како бромелин. Бромелинот е природна состојка која ја смирува болката во мускулите која може да настане по сериозен тренинг на аеробик.
Грав
Нивото на калиум во телото по исцрпувачкиот тренинг може нагло да падне и да предизвика послаби рефлекси, и негативно да влијае на нервите и движењето на мускулите. Доза грав кој е богат извор на калиум може да биде идеален оброк по вежбањето.
Млеко
За да ја вратите течноста што ја изгубивте во текот на вежбањето, најдобар начин е тоа да го направите ако испиете чаша млекло кое содржи доза натриум и калиум многу повеќе од било кој енергетски пијалок.
Кељ и спанаќ
Зелениот зеленчук во вид на спанаќ, брокула и кељ е богат со калциум и магнезиум и е одлична опција доколку имате запаление на нозете по долго шетање.Колку често ви се случува да имате проблем со запаление на мускулите после интензивното вежбање? Тешко ви е да станете, да седнете, да се симнете о

Пронајдете не на следниве мрежи: