Најново истражување покажа дека лесниот пристап до порно филмовите влијае негативно врз здравјето на мажите.Експертите се едногласни во размислувањето дека честото гледање порно филмови може да доведе до извесни промени во менталниот склоп кај луѓето кои често посегнуваат по овој вид рекреација.
Скорешни резултати од истражувања го покажаа следново:
1. Може да го смали мозокот
Институтот Макс Планк пронајде врска помеѓу гледањето порно филмови и редукцијата на обемот на мозокот – иако не е јасно како точно гледањето порно филмови води до промени во мозокот, или како одредени мозоци функционираат на стимулативните ефекти од гледањето порно филмови.
2. Може да предизвика краткорочен менталитет
Журналот за сексуални истражувања, минатата година дојде до резултати дека луѓето радо одложуваат благодарност кога станува збор за нивната омилена храна или други бенефиции од коишто се откажуваат додека гледаат порно.
3. Можат да ги направат луѓето да бидат религиозни
Истражување од Универзитетот Оклахома покажа дека гледањето порно филмови ја редуцира религиозноста со време – но, ако гледате многу, вашиот став кон религијата може да стане попозитивен.
Истражувачите наведуваат дека тоа е така поради зголеменото чувство на вина.
4. Гледањето порно филмови може да покаже дека сте пристојна личност
Едно истражување покажа дека луѓето коишто се изјасниле дека гледале порно филмови, почесто се идентификуваат како поддржувачи на феминизмот, повеќе отколку што гледаат на жените како на сексуални објекти.
Авторот на истражувањето Тејлор Кохат, го кажа следното – оние коишто гледаат порно се среќни што признаваат дека би било добро да се задржат еднаквите погледи кон сексуалната и половата рамноправност.
5. Може да наштети на нови бракови
Мажите коишто гледаат порно можат да ја оштетат самодовербата на сопругите, ова може да стане голем проблем доколку продолжи да се практикува и во подоцнежни фази од врската или бракот.
Според анкетираните жени кои неодамна стапиле во брак, бил водечки ставот дека тие се незадоволни од стимулацијата на нивните мажи преку гледање на порно филмови.
Друго истражување покажа дека жените коишто се во врска со мажи кои редовно гледаат експлицитни филмови, биле помалку среќни од оние коишто се во врска со мажи кои не ја практикуваат оваа навика.Експертите се едногласни во размислувањето дека честото гледање порно филмови може да доведе до извесни промени во менталниот склоп кај луѓето кои