Двапати наградениот оскаровец Том Ханкс („Филаделфија“, „Форест Гамп“) повторно фаворит за својот трет златен кип, за неговата фантастична улога во акциониот трилер „Капетанот Филипс“.Критичарите уште на прелиминарните проекции се сложија дека се работи за уште едно врвно филмско остварување во кое Том Ханкс го дава својот максимум, а режијата на Пол Гринграс ни малку не заостанува во квалитетот. Во филмот Том ја толкува улогата на капетанот Филипс на бродот Маерск Алабама кој се труди да го спаси бродот, екипажот и себеси од сомајлиските пирати кои ќе го киднапираат.
На големото платно ќе се најде и приказната за Стив Џобс – основачот на Епл, илузионист кој се откажува од високото образование затоа што смета дека на тој начин ќе стекне повеќе знаење отколку ако биде заглавен во факултетските клупи и со тоа животното искуство да му биде ограничено. Оваа приказна го прикажува неговото искачување на врвот на креативните претприемачи на 20-от век. „Џобс“ од критичарите беше оценет како „одлична драматизација на покојниот основач на Епл, Стив Џобс, неговото издигнување од инспириран, уметнички наклонет хипик до корпоративен могул и Крал на импресивните Мек. Без разлика дали сте обожавател на Стив, на Епл или Линукс хакер, овој филм мора да го погледнете“.
Новата американска комедија „Џекес претставува: Лошиот дедо“ е најновото остварување на Џејмс Тремејн и на момците од Џекес тимот. Овој пат нивните трикови и шеги се логично поврзани со однапред подготвено сценарио, што и не беше случај за претходните Џекес филмови.
Ирвинг Зисман (Johnny Knoxville) има 86 години. На пат е со својот 8 годишен внук Били.
Имено, мајката на Били завршила во затвор и Ирвинг мора да го однесе неговиот внук да живее со неговиот татко. За приказната да биде позаплеткана, екипата на Jackass внесе скечеви и неколку скриени камери за да го направат овој филм поинтересен и позабавен за гледање. Глупостите кои дедото и внукот ги прават за време на ова епско патување се неверојатни и смешни но и по малку глупави.
Од четврток на редовниот репертоар на Cineplexx ќе го прикажеме македонскиот „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски.
На почетокот на неговата воена кариера, Мустафа Кемал (Ертан Шабан), подоцна познат како Кемал Ататурк, се вљубува во Елени (Наташа Тапушковиќ), девојка од Монастири. Нејзиниот татко се противи на оваа љубов, а таа го посветува својот живот на чекање на Кемал. По смртта на татка си, Елени е оставена сама да се грижи за својот брат и сестра, Анѓа (Драгана Костадиновска) и Дуко (Никола Ацески). Исто како и свршеникот на Анѓа, Дамјан (Благој Веселинов), Дуко посакува ослободување на Македонија од турците. Родителите на Дамјан, се убиени од Осман (Никола Ристановски), локален турски бег. Барајќи одмазда, Дамјан оди кај Осман, и таму е убиен. Анѓа оди кај Осман, да го бара телото на Дамјан. Тој се вљубува во неа, ја киднапира и ја чува затворена во одаите на харемот…
Поради големиот интерес по неговата премиера, на редовниот репертоар ќе се најде и документарниот филм „Стравот“ на Коста Петров. Стравот е приказна за борбата против нашиот најголем непријател. Во филмот, снимен според истоимената книга на Коста Петров, седум личности ги споделуваат своите најголеми стравови и искуства при борбата со истите.
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на веб страната www.cineplexx.mk и на facebook страната https://www.facebook.com/CineplexxMakedonijaКритичарите уште на прелиминарните проекции се сложија дека се р