Пет опасни љубовни лекции на кои не учат филмовите

Од тоа дека за љубовта треба да се бориме и никогаш да не се откажеме, до тоа дека мислењето на родителите не е важно доколку се сакаме. Откријте кои се најчестите љубовни мотиви од филмовите.1. Страста е најважна
Доколку чувствувате интензивна страст кон некој, тоа значи дека тој или таа ви е судена. Ова е честа лекција од љубовните филмови. Во стварноста, тој мит може да биде многу опасен бидејќи сексуално привлечниот маж може за многу работи да не ни одговара, но може да биде предизвик за егото, тврдат психолозите. Хемијата и страста се потребни во љубовната врска во еднаква мера  како и сличните погледи на животот.
2. Секогаш треба да бараме нешто подобро
Во животот постои неограничен број на избори и прилики, па дури и доколку сте со партнерот со кој ви е добро, тоа треба да го завршите доколку на патот ви се најде некој за кој сметате дека ќе ви одговара повеќе- е уште еден опасен мит. По таа логика, животот би се состоел од непрестајно барање, возбудувања и нови почетоци.
3. Мислењето на родителите и пријателите не е важно.
Вие двајца и вашата љубов против целиот свет- е чест заплет во филмовите кои покажуваат фатални љубовни приказни. Во вистинскиот живот треба да се запрашате кои се тие особини на партнерот или партнерката кои не ги забележувате, а оние кои ве сакаат и ви мислат добро често ве предупредуваат на нив.

4.Никогаш не се откажувајте
Во љубовните врски расправиите можат да станат многу напорни, но доколку навистина се сакате, не би требало да се откажувате- е порака од филмовите кои зборуваат за „тешка љубов“. Во реалниот живот, најчесто се работи за конфликтни односи во кои луѓето не функционираат на иста бранова должина, а заедно проживуваат повеќе грди отколку убави моменти.
5. За љубовта треба да се жртвувате
Доколку поради партнерот се откажете од своите сништа, пријатели, навики или живот, тоа само ќе ја зајакне вашата љубов и ќе покаже колку ви е важно да бидете заедно. Ова е една од најопасните лекции која како извор ја користат  многумина кои се наоѓаат во лоши односи. Тоа може да се премине дури и во злоставнички врски, во кои љубовта престанува да биде нешто убаво, туку донесува немир и постојана тага, а единствената причина за продолжување на врската е нерационалната надеж дека се ќе биде добро.1. Страста е најважна
Доколку чувствувате интензивна страст кон некој, тоа значи дека тој или таа ви е судена. Ова е честа

Пронајдете не на следниве мрежи: