Пет подароци што младенците не сакаат да ги добијат за свадба

Есента е сезона на свадби и многумина веројатно си ја удираат главата од ѕид обидувајќи се да смислат што да им подарат на младоженците. За да ви го олесниме изборот на подарок, ви донесуваме попис на подароци што не треба да им ги подарите на младоженците.1-Подарок што и одговара само на едната половина од парот: Секогаш бирајте подароци што ќе му се допаѓаат на парот, односно избегнувајте подарок што ќе му се допадне само на младоженецот или само на невестата. Најдобар подарок е оној кој младенците можат да го поделат и заедно да уживаат во него.
2-Подарок за кој младенците ќе мора да трошат пари: Избегнувајте компјутери или телефони со интернет претплати било какви слични подароци за кои младенците и во иднина ќе мора да трошат. Ако знаете дека сакаат таков подарок, пред свадбата договорете ги деталите со нив и организирајте се точно кој што ќе плати.
3-Подарок што не одговара на животниот стил на младенците: Неприкладен подарок ја испраќа пораката дека воопшто не го познавате парот, или пак дека не сте се „припремиле“ доволно и не сте размислиле што ќе им подарите. Затоа, обратете внимание на нивниот животен стил, на тоа какви активности сакаат, со што се бават во слободното време и врз основа на овие податоци одлучете што ќе биде вашиот подарок.
4-Подарок што ќе се „расипе“: Не подарувајте работи во кои сте ставиле елемент како цвеќе или чоколадо. Има голема шанса младенците да не ги прегледаат сите подароци непосредно по свадбата, а ниеден пар не сака по медениот месец да ги чекаат флеки и ѓубре.
5-Подарок што алудира на нешто или испраќа „погрешна“ порака: Избегнувајте подароци што на младенците им испраќаат било каква порака за нивната заедничка иднина. Тоа особено се однесува на детска облека или на било каква опрема за бебе. Дури и ако мислите да им подарите такво нешто на шега, имајте на ум дека е подобро вашиот подарок да биде корисен.1-Подарок што и одговара само на едната половина од парот: Секогаш бирајте подароци што ќе му се допаѓаат на парот, односно избегн

Пронајдете не на следниве мрежи: