Пет припадници на полицијата се повредени во петокот навечер во безредијата во Белфаст кои избувнаа поради истакнувањето на ирското знаме во близина на претежно про-британската област, соопшти локалната полиција.Повеќе од стотина млади демонстранти фрлале цигли и шишиња врз полицајците во Њутаунбеј, северно предградие на Белфаст а запален е најмалку еден автомобил, изјавил портпаролот на полицијата.Проблемот настанал кога про-британската младина се обидела да ги отстрани ирски знамиња од уличните светилки.Со мировниот договор склучен во 1998 година главно е ставен крај на три децении долгиот верски судир во британската покраина Северна Ирска, главно меѓу католичките ирски националисти коишто бараат обединување со Ирска и претежно протестанските лојалисти кои сакаат да останат дел од Обединетото Кралство. Меѓутоа, Белфаст остана верски поделен град.Лојалистите ги започнаа безредијата во декември и јануари по одлуката на градскиот совет, во кој ирските националисти го имаат мнозинството, за симнување на знамето на Обединетото Кралство, пред градскиот совет освен во некои ретки прилики.
МакфаксПет припадници на полицијата се повредени во петокот навечер во безредијата во Белфаст кои избувнаа поради истак