Пет причини да го напуштите Фејсбук

Колку пати дневно го проверувате својот Фејсбук профил? Сигурни сме дека одговорот е: премногу. Но, зошто тоа всушност го правите? Досадно ви е, немате попаметна работа или сте едноставно зависни? Еве нешто поради што на крајот на краиштата сите би требало помалку да не замисли.
Кога го уклучувате компјутерот правата работа која ја правите е проверка на својот Фејсбук профил? Кој, каде, со кого, зошто… Се чини дека без него како да не сте „преживеале“ ниеден ден, бидејќи „она што не е на Фејс, исто како и да не се ни случило“.
Ако спаѓате во таа категорија, еве нешто за што сериозно треба да се размисли, па на крајот на краиштата и да се напушти Фејсбук. Ви претставуваме пет одлични причини за да го „згасите“ својот профил.
1. Создава зависност
Колку време после работа ви треба за да се појавите на Фејсбук? Истражувањето спроведено на Универзитетот во Гетебург, Шведска,  покажало дека 70 % од луѓето при првото уклучување на компјутерот, веднаш го уклучуваат Фејсбук., што не е ништо друго освен зависност.
Кога се во прашање половите разлики, жените  на Фејсбук се сепак поактивни од момчињата. Во просек секоја жена на Фејсбук поминува по 81 минута дневно, додека посилниот пол „само“  64 минути.
2.  Предизвикува депресија
Истражувањето спроведено во Германија покажало дека Фејс е виновник за депресијата кај многу луѓе. Имено, гледајќи ги туѓите фотографии од разни патувања, читајки статуси за среќни љубовни врски или успеси во работата, корисниците на кои едноставно не им оди во тој план се чувствуваат мизерно, љубоморно и на крајот – депресивно.
3. Ве поттикнува да јадете брза храна
Ако сте во ситуација во која се борите со вишок килограми, седењето на компјутер секако не е добра идеја. “Висејќи” на Фејсбук јадете се што ќе најдете при рака, покажало истражувањето спроведено на Универзитетот Колумбија.
4. Може да биде алатка со која другите ве контролираат односно пратат сè што правите, и ги користат вашите податоци за свои цели
Ако се грижите за вашата приватност, тогаш ова е една добра причина да го напуштите Фејсбук, бидејќи оваа социјална мрежа е идеална за “шпионирање”. Вие тоа најдобро го знаете, и самите се бавите со тоа, нели?
5. Фејсбук често е причина за одложување на работата
Дали сте се нашле во ситуација кога немате брзина да извршите некоја задача, а вие ’висите’ на Фејсбук и никако да тргнете во реализација. Исклучете го вашиот профил, и ќе имате повеќе време за се, ќе бидете побрзи и многу поефикасни, и вашиот шеф секако тоа ќе го забележи.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Колку пати дневно го проверувате својот Фејсбук профил? Сигурни сме дека одговорот е: премногу. Но, зошто тоа всушност

Пронајдете не на следниве мрежи: