Познато е дека сувото овошје и јаткастите плодови како оревот, лешникот, бадемите, кикириките и ф’стаците содржат хранливи материи.Тие содржат голема доза на протеини, витамини, минерали и диететски влакна. Сувото овошје и јаткастите плодови имаат широк дијапазон на благодети кои поволно влијаат врз човековото здравје.
Природните шеќери и влакна лесно се апсорбираат во организмот, а еве кои предности ги има комбинацијата од суво овошје и јаткасти плодови врз нашиот организам:
Ја регенерираат кожата
Сувите плодови содржат голем број на антиоксиданси, минерали и витамини, а поради тоа, тие го подобруваат здравјето на кожата и ја прават да изгледа мазно и блескаво.
Го забавуваат стареењето
Сувото грозје содржи ресвератрол, специфичен антиоксиданс кој го забавува стареењето. Освен тоа, витаминот Е во сувите плодови и некои јаткасти плодови како што е на пример индискиот орев има “anti-aging” ефект на кожата.
Ги отстрануваат мртвите клетки
Маските за лице можат да бидат направени од јаткасти плодови кои се одлични за отстранување на мртвите ќелии на кожата. Земете неколку јаткасти плодови како што се бадеми или ф’стаци и изблендирајте ги со малку млеко со цел да добиете паста. Ваквата смеса нанесете ја на лицето и оставете ја 20-25 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Оваа маска ќе ја направи вашата кожа сјајна и мазна.
Ја спречуваат појавата на брчки
Линолната киселина е моќно соединение кое ги спречува брчките на кожата. Оваа киселина може да се најде во ореовото масло, како и во другите суви и јаткасти плодови.
Ги лечат лузните и флеките од акни
Бадемот одлично делува во третирање на акните и оштетувањата на кожата како последица од нив. Витамините и минералите во бадемот, како витамините А, Б и Е помагаат во зачувување на здравјето на кожата. Исто така, урмите содржат витамин А кој е одличен во одржување на светлиот и сјаен тен.Тие содржат голема доза на протеини, витамини, минерали и диететски влакна. Сувото овошје и јаткастите плодови имаат широк дијапазон на благодети к