Пет причини зошто вечерва да бидете на Скопското Кале

Пиволенд 2016:Пет причини зошто вечерва да бидете на Скопското Кале1. Дегустација на над 150 видови пиво. На 20-те пивски штандови ќе имаме можност да пробаме над 150 видови пиво, а од пиварите најавуваат акциски промоции на одредени продукти. Од официјалното пиво на Барселона, до домашни пченични пива на првата крафт македонска пивара, најдоброто германско пиво Лефе, македонските Староградско, Златен Даб и Македонско, Гинис, Пауланер, Корона, па се до пивски коктели за првпат на нашиот пазар.
2. Три музички стејџа за сите музички вкусови. На првиот дел од фестивалот ќе уживаме во одлична музика. Од 18:00 на главната сцена ќе свират победниците од натпреварот за млади бендови: The Chicks иThe Planctons. По нив следуваат Блек енд Вајс Социал Клуб, Влатко Илиевски и Акустик Дивижн, Рибља Чорба и за крај дј атракцијата – Дуоз. На Бла Бла стејџот со почеток од 20:00, ќе слушаме андерграунд македонска музика, а на електро стејџот тројца одлични надежни диџеи. 3. Преубавата локација. Скопското Кале е најубавиот симбол на Скопје, место како создадено за вакви настани. Самата локација многу придонесува за атмосферата на фестивалот. Влезот е бесплатен, а има и многу комфорни зони каде што може да седнете доколку се изморите. 4. Забавни активности. Секоја година Пиволенд освен пивската и музичка понуда, на посетителите им нуди голем број забавни активности. Игротеката за возрасни е најпосетено место за забава, се игра беер понг, табла, фудбалче. Покрај тоа има акциско катче со мечување, стрелаштво, кендо, како и базар на ракотворби. Најинтересно е тоа што сите посетители ќе можат да испраќаат мислења и пораки кои ќе бидат прикажувани на видео екрани на самиот фестивалот. 5. Голем избор на гурмански мезиња. Пиволенд е идеално место за сите гурмани, бидејќи покрај пивото може да уживаат во германски колбасици, баварски переци, начос, поховоан кромид, хот дог, скара, грицки, а може и да едуцирате со каков тип на пибо најдобро одат гурманските деликатеси. Дојди, види, испиј!
Пиволенд 2016 вечерва може да започне!1. Дегустација на над 150 видови пиво. На 20-те пивски штандови ќе имаме можност да пробаме над 150 видови пиво, а од пиварите најавуваат акциски п

Пронајдете не на следниве мрежи: