Пет причини зошто ВЕЧЕРВА треба да спиете голи!

Може слободно да се претпостави дека повеќето луѓе носат облека додека спијат, но можеби е време да се смени таа навика.Џенифер Ланда, авторка на книгата „The Sex Drive Solution for Women“, ги наведува следните причини зошто треба да спиете голи.
1. Хигиенски е
Спиењето без пижами може да биде здраво кога се во прашање интимните делови на телото. На подрачјето на вагината се создаваат бактерии, а топлото окружување може да предизвика нивно прекумерно размножување. Еден од едноставните начни тоа да се спречи е подрачјето редовно да се проветрува, а спиењето без облека е еден од најдобрите начини тоа да се направи.
2. Ќе изгледате поубаво
Ако за време на ноќта ви е претопло, се попречува ослободувањето на мелатонинот и хормонот на растот, а тое се двата главни хормони во телото кои ги намалуваат знаците на стареењето. Кога температурата на телото ќе опадне, хормонот на растот се ослободува и создава, буквално регенеративна магија, поради што кожата и косата изгледаат сјајно и здраво.
3. Подобро ќе спиете
За добар сон неопходно е да се биде во што постудено окружување. Температурата на телото паѓа за време на спиењето, што е сосема природна тенденција, а ако сте облечени во пижами и покриени со дебела покривка, тој процес може да го смените. Ако спиете голи, на телото му овозможувате да ја одржува природната температура.
4. Ќе имате поквалитетен љубовен живот
Спиењето без облека позитивно делува на љубовните врски. Имено, кога се потпирате на кожата од партнерот се зголемува нивото на хормони, како што е окситоцинот, а тој го поттикнува галењето и страста.
5. Може да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми
Бидејќи температурата на телото е спуштена, нивото на кортизол останува ниско. Кортизолот, хормон од семејството кортикостероиди кои настануваат во кората на надбубрежната жлезда, попознат е како „хормон на стрес“. Високото ниво на кортизол во телото, по будењето може да предизвика зголемена желба за јаглехидрати, кои се главна причина за дебелеење.Џенифер Ланда, авторка на книгата „The Sex Drive Solution for Women“, ги наведува следните причини зошто треба да спиете голи.

Пронајдете не на следниве мрежи: