Пет работи кои ги прават несигурните мажи

Врската со маж кој не е сигурен во себе е прилично напорна работа.На прв поглед можеби се чини дека е подобро мажот да е несигурен отколку претерано самоуверен, но по оваа листа на работи кои ги прават несигурните мажи, веруваме дека ќе ви стане јасно зошто тоа не е точно.
Секогаш ги истражува вашите мотиви
Кога ќе му кажете дека го сакате, тој или не ви верува или ќе бара да му објасните зошто. Несигурниот маж сака потврда дури и откако ја добил, што со текот на времето станува многу напорно.
Љубоморен е на сите луѓе во вашиот живот
Без разлика дали станува збор за вашите пријатели со кои сакате да излезете, семејството или колегите од работа, несигурниот маж гледа потенцијална закана во секоја личност на која ѝ посветувате внимание.
Посесивен е
Паралелно со љубомората и несигурноста, речиси секогаш доаѓа и посесивноста. Без разлика колку и да се трудите да му објасните дека нема потреба да се грижи, несигурниот маж едноставно не може да си помогне.
Има агресивен и непредвидлив темперамент
Кога мисли дека може да ве изгуби или дека има причина за љубомора, несигурниот маж ја губи контролата и прави работи за кои сигурно ќе зажали кога ќе се смири. Читањето пораки на вашиот мобилен телефон и обвиненијата кои немаат врска со реалноста се само почеток.
Фаќа белешки
Колку пати сте излегле со пријателките наместо со него, колку момчиња сте имале пред него, колку често му кажувате дека го сакате – несигурните мажи постојано бараат доказ дека нивната несигурност е оправдана.На прв поглед можеби се чини дека е подобро мажот да е несигурен отколку претерано самоуверен, но по оваа листа на работи кои ги прават несигурните

Пронајдете не на следниве мрежи: