Пет работи кои ја загрозуваат кожата, а не сте свесни за тоа

Секоја жена има навики за одржување на својот изглед, без да претпоставува дека некои од нив се штетни за кожата. Свои совети за оваа тема даде Кристи Кид, дерматолог од Беверли Хилс, лиценциран естетичар за нега на кожата чии клиентки се Кендал и Кајли Џенер.Излегува дека на многу изненадувачки начини ја намалуваме можноста за совршено чиста и сјајна кожа.
Дамките на образите и носот може да се предизвикани од очилата за сонце. Дури и само еден допир на кожата со раце може да предизвика црвенило, па дури и акни. Затоа, држете ги рацете подалеку од лицето и чистете го внимателно мобилен телефон.
Размислете повторно пред да одите до продавница за пилинг. Според Кид, нешто толку грубо може повеќе да наштети отколку да ѝ помогне на кожата. Најдобро е да користите локален серум на местата на кои е потребна ексфолијација што ќе ги заживее клетките без триење.
Не обрнувате внимание на состојките на производот. Обично им верувате на своите омилени брендови, без да се загледате во етикетата. Токму тие може да ја иритираат вашата специфична кожа. Избегнувајте сулфати кои предизвикуваат хиперпродукција на маслен себум и доведуваат до појава на акни. Не купувајте производи со парабен-, фаталати и синтетички мириси.
Не го миете лицето по фитнес. Тренирате и тоа е добро, но заборавате или сте изморени и не го миете испотеното лице по тренингот. Тоа ги затнува порите и формирабубулици. Решението е свеж тоник и памук во вашата торба за фитнес. Истото важи и ако одите на пливање. Хлорот во базените е најголемиот непријател на убавата кожа. Задолжително користете благ лосион за тело и крема.
Не ја чистите четката за пудра, сенките и другите „инструменти за разубавување“.
„Често слушам за девојки кои користат иста четка за шминка повторно и повторно, без да ја мијат. Тие задржуваат исклучително многу бактерии. Затоа, плакнете ги по секоја употреба“ – советува Кристи.Излегува дека на многу изненадувачки начини ја намалуваме можноста за совршено чиста и сјајна кожа.
Дамките на образите и носо

Пронајдете не на следниве мрежи: