Пет работи кои луѓето ги сфаќаат дури пред смртта

Болните луѓе кои стигнале до крајот на животот неретко отворено зборуваат за работите кои би ги направеле поинаку доколку можат.Болните луѓе, чии животи дошле близу крајот, неретко отворено зборуваат за своите животи. Соочени со крајот доживуваат низа емоции, а секој зажалува за нешто. Медицинските сестри изјавиле пет работи поради кои луѓето најчесто жалат на смртна постела.
1. Би сакал да се почитував себе си- цело време сме соочени со притисокот да се прилагодуваме на она што друштвото сака да бидеме, но прашањето е колку често тоа се поклопува со она што ние сакаме да бидеме. Затоа советот би бил да се почитуваме себеси и да бидеме искрени кон себе. Немојте да живеете живот каков што другите очекуваат од вас.
2. Посакувам да не работев толку- за да живееме што поудобно, за тоа мораме напорно да работиме. А луѓето на крајот од живтотот изразуваат жалење зошто работеле премногу. Затоа е важно да одвоиме време за други работи и да се отвориме кон можностите кои би можеле да ни го разубават животот.
3. Посакувам да не ги занемарев пријателставта- доколку некогаш сте имале пријател со кого сте изгубиле секаков контакт тогаш знаете за какво чувство се работи. Лесно е да бидете опкружени со членови на семејството и да водите семеен живот, но тешко е да одржите контакт со пријателите посебно доколку некој се пресели. Потребно е да вложите време и труд во таквите односи, но нема да ви биде жал кога пријателите ќе бидат покрај вас и во староста.
4. Би сакал да бев храбар во соочување со стравовите – стравот често не држи далеку од она што го сакаме и каде сакаме да одиме. Често се плашам да ги изразам чувствата, а многумина доаѓаат до крајот без да имале храброст да им се спротистават на стравовите и потполно да се изразат. Иако не можете да го контролирате однесувањето на другите, можете да ги контролирате своите чувства.
5. Посакувам да си допуштев да бидам посреќен- овде е се работи за избор. Само морате да одлучите дали сакате да си дозволите да бидете среќни, тоа е ваш живот и ваш избор. Во секој случај потрудете се да ја изберете среќата.Болните луѓе, чии животи дошле близу крајот, неретко отворено зборуваат за своите животи. Соочени со крајот доживуваат низа емоции, а секој зажалув

Пронајдете не на следниве мрежи: