Протеините се основниот градбен елемент на нашите мускули и обично протеинската исхрана најмногу ја применуваат мажите кои тренираат и кои целат кон зголемување на својата мускулна маса.Сепак, голем дел од нив всушност не ги знаат сите квалитети и предности на протеините и токму поради тоа не ја користат нивната нутритивна вредност како што треба.
Затоа одлучивме да ви претставиме пет работи кои мора да ги знаете за протеините доколку сакате да го извлечете максимумот од нив.
Протеините се поквалитетни доколку животните се хранат со квалитетна храна
Многу е важно да консумирате месо кое е здраво и органско. Животните кои се прехранувани со нездрави супстанци и хемикалии во себе содржат нездрави хемиски елементи, а со самото тоа и протеините од таквото месо не можат да бидат квалитетни. Затоа е многу важно да консумирате месо за кое сте сигурни дека е здраво.
Протеините не служат само за изградба на мускули
Иако се основниот градбен елемент на мускулите, протеините се исто така важни за вашите коски, крвни садови и хормони, а истражувањата потврдуваат дека зголемениот внес на протеини резултира и со подобар сексуален живот.
Вишокот на протеини не е добар
За време на еден оброк, телото може да апсорбира од 25-30 грама протеини. Сè што е над таа бројка само проаѓа низ вашиот систем. Затоа е важно почесто да јадете помали оброци доколку сакате да добиете квалитетна мускулна маса.
Обрнете внимание на изворот на протеини
Морате да се трудите да ги добивате протеините од хранливи намирници. Доколку консумирате лосос, тоа значи дека покрај протеините ќе внесете и големо количество на омега-3 масни киселини, што е многу корисно за вашето тело. Но, доколку јадете протеински чоколади, покрај протеините ќе внесете и многу шеќери кои може да предизвикаат проблеми со вашето здравје.
Внесувајте различни видови на протеини
Не е добро доколку се фокусирате само на протеини од ист вид. Поради тоа треба да јадете разновидна храна и да консумирате јајца, риба, пилешко, говедско, свинско и јагнешко месо, а исто така треба да внесувате и голема количина на зеленчук и растителни протеини кои исто така се здрави за вашето тело.
Сепак, голем дел од нив всушност не ги знаат сите квалитети и предности на протеините и токму поради тоа не ја користат нивната нутритивна вр