Меленото месо е дел од секојдневните јадења коишто ги приготвуваме во домот. Искористете го неговиот максимум и не правете ги следните грешки.1. Не замрзнувајте го меленото месо во оригиналното пакување
Пакувањето од продавница е претенко за да го заштити месото од екстремно ниските температури. Наместо тоа, местото ставете го во подебела хартија за пакување или алуминиумска фолија, па дури потоа ставете го во подебела пластична кеса и ставете го во замрзнувач.
Максималниот вкус и карамелизација на месото ќе постигнете така што одмрзнатото месо ќе го ставите во претходно загреана тава во која сте додале лажичка масло или малку путер.
2. Не одмрзнувајте го меленото месо во микробранова
Микробрановата печка ќе почне да го готви површинскиот слој на меленото месо и ќе го зацврсне пред да се одмрзне скроз до крај. Не фрлајте пари, туку одмрзнете го месото на природен начин.
3. Не додавајте мелено месо во ладна тава
На тој начин ќе се залепи за дното и ќе добие незгодна сива боја која никому не му е привлечна.
4. Исцедете го вишокот вода
Меленото месо при пржењето испушта вишок вода, која испарува по долготрајната термичка обработка. Не плашете се да ја исцедите водата при готвењето, посебно ако правите јадење според некој рецепт и се грижите колку течност мора да додадете за подготовка на одреден сос или јадење.
5. Не плакнете го меленото месо пред или по готвењето
Исплакнувањето месо пред готвењето не ги отстранува бактериите од неговата површина, додека плакнењето по термичката обработка го отстранува вкусот.