Пет работи кои никако не треба да ги правите пред тренинг

Фитнес подготовките за супер тело на плажа веќе одамна се почнати, но ако не ги добивате посакуваните резултати, сигурно правите некоја од овие 5 грешки.1. Пиете алкохол
Без разлика на количината алкохолот пред тренинг е забранет. Во зависност од нивото на толеранција кое го имаат луѓето, кај некои алкохолот влијае повеќе, кај некои помалку, но секако доведува до дехидратација, ширење на крвните садови, намалување на моторните функции и другите ефекти кои може да го загрозат вашето здравје.
2. Не пијте повеќе од една чаша вода
Еден час пред тренингот сфаќате дека претходната вечер сте испиле малку повеќе алкохол, па сега не можете да се изнапиете вода. Дополнителната вода може само да ви ја влоши состојбата.
Вашите бубрези не можат да преработат литар вода во рок од еден час, па ако сте испиле повеќе од тоа може да се доведете во ризична состојба, како што е хипонатремија. Тогаш се случува јоните натриум да опаднат во крвта.
Симптомите на оваа состојба се губење на енергијата, слабост во мускулите и грчеви. Ако вежбате со полн стомак течности, може да дојде до мачнини за време на тренингот кој опфаќа тешки вежби со скокање и трчање.
3. Не јадете зачинета храна
Ако јадете голем, зачинет оброк пред тренинг, може да дојде до создавање јаки киселини во желудникот.
4. Не тренирајте по интензивен сексуален однос
По интензивниот сексуален однос не ви е потребен тренинг, затоа што веќе сте доволно исцрпени. Но, ако баш сакате да направите добар тренинг, прескокнете го сексот.
5. Не се обидувајте да ги допрете прстите на нозете
Класичното истегнување пред тренинг не е добро. Кога вежбате мускулите мора да прават интензивни контракции. Кога ги ставате во истегната положба, ја намалувате нивната можност за да го извршат тренингот како што треба.1. Пиете алкохол
Без разлика на количината алкохолот пред тренинг е забранет. Во зависност од нивото на толеранција кое го

Пронајдете не на следниве мрежи: