Пет работи кои никогаш не треба да направите ако ве фатат дека изневерувате?!

Ве „фатија“ на дело, па прашањето е: Што понатаму? Не велиме дека неверството е во ред, но доколку ве фатат НИКОГАШ немојте да го правите следново:
1.Негирање
Повеќето прељубници го демантираат тоа, односно се прават невини. Негирањето ви се гледа како единствена опција, кога партнерот ќе дознае дека го изневерувате. Често негирањето е и рефлексна реакција. Притоа, ова однесување само дополнително ќе го разлути партнерот, бидејќи тој ја очекува само вистината, а не вашите дополнителни  лаги. Ако веќе дознал нема логика да продолжите да лажете.
2.Оставате многу експлицитни докази
Не само што партнерот ви укажува на неверството, туку и ви ги претставува и валканите детали. Ги чита конфузните меилови и пораки кои сте ги праќале. Па, препорачуваме да ги уништите сите докази. Вашиот партнер ќе биде доволно повреден од самото неверство, па нема потреба да ги чита и вашите „валкани“ СМС пораки или Фејсбук разговори.
3. Го обвинувате партнерот
Ја префрлате вината на партнерот, покрај негирањето на аферата, ова е најлошото што може да го сторите. Прифатете ја вината и извинете се. Не го обвинувајте партнерот и не ставајте го во положба да се брани, бидејќи така само ја комплицирате ситуацијата.
4.Ја продолжувате аферата
Вашиот партнер дозна, а вие продолжувате по старо… но, ако ви е важен партнерот морате да ја прекинете аферата. Не можете да живеете двоен живот постојано. Дополнително го комплицирате и вашиот но и животот на другите.
5. Го вовлекувате семејството и пријателите во вашиот проблем
Нормално е на блиските да им кажете што се случува, но не секогаш тоа е најпаметна идеја. Секој има свое мислење, кое можеби на вам нема да ви се допадне. На било кого и да му кажете дека изневерувате ќе биде шокиран. Па задржете го тоа за себе.Ве „фатија“ на дело, па прашањето е: Што понатаму? Не велиме дека неверството е во ред, но доколку ве фата

Пронајдете не на следниве мрежи: