Пет работи кои се подеднакво опасни како и пушењето

Свеста за штетноста за пушењето  глобално  е се пораширен, но модерното  време карактеризира  низа фактори  кои пушењето го поместуваат  од врвот на списокот на смртоносни навики, предупредуваат научниците.Овие пет навики се поопасни  од пушењето:
Осаменост
Новите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е еднакво штетна по здравјето како и останатите фактори на врвот на „смртоносната листа“, пренесува Independent. Друштвените мрежи и сé пореткото „во живо“ дружење со пријателите и колегите, доведоа до тоа осаменоста да добие размер на епидемија. Јулијан Холт-Лунстад – професорка по психологија на универзитетот Brigham Young, вели дека ефектот од осаменоста врз намалување на животниот век е еквивалентен на ефектот од 15 испушени цигари дневно.
Седење
 
Седентарниот (или седечкиот, сеедно) начин на живот, односно недостатокот од движење кој го подразбира, го зголемува ризокот за оболување од повеќе видови рак, покажува една студија од 2014-та. Секои дополнителни два часа седење го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево, карцином на ендометриумот (слузницата на матката) и рак на белите дробови, и тоа без оглед дали поединецот вежба во текот на денот. Дури и со редовно вежбање, седењето по подолго од 8 часа на ден го зголемува ризикот од разни здравствени проблеми.
Неспиење
Во САД, на пример, се проценува дека 50 до 70 (од 320) милиони луѓе страдаат од нарушување на спиењето. Недоволната количина сон, предупреди професорот Валериј Гафаров од Светската здравствена организација (WHO) уште во 2015-та, го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар во еднаква мера како и секојдневното пушење.
Солариум
Иако се користи како еден вид сончање во лабораториски услови (читај: контролирано), може да биде подеднакво опасно за организмот како и пушењето. Во 2014-та дерматолозите покажаа дека користењето на солариум предизвикува повеќе случаи на рак на кожата, отколку што пушењето предизвикува случаи на рак на белите дробови.
 
Нездрава храна
Слатката и преработена храна богата со заситени масни киселини влијае на развојот на потенцијално смртоносни болести, како и пушењето. Во 2016-та, научниците кои се бават со истражувањето на смртноста од лоша исхрана и штетна храна, заклучија дека степенот на смртност ја надминува смртноста од алкохолот, дрогата или цигарите.Овие пет навики се поопасни  од пушењето:
Осаменост
Новите истражувања покажуваат дека социјалната изолација

Пронајдете не на следниве мрежи: