Пет совети како секогаш да бидете одморени

Како некои луѓе постигнуваат секој ден да бидат наспани и одморени?1. Будете се во приближно исто време
Секако дека викендите сите сакаме да отспиеме нешто подолго отколку преку неделата, но експертите велат дека ќе биде подобро одморени доколку сите седум дена во неделата се будите во приближно исто време, па дури и тогаш кога вечерта покасно сте си легнале за разлика од другите денови.
2. Без технологија
Одморените луѓе своите пораки и мејлови ги проверуваат надвор од спалната соба. Иако спрема разните истражувања, дури 63% од луѓето спијат во собата во која им стојат компјутерот, лаптопот или пак мобилниот телефон. Експертите велат дека подобро би било во текот на ноќта да се отстраниме од целата оваа технологија. Светлата од таквите уреди испраќаат сигнал до мозокот дека е време за будење.
3. Попладневна дремка
Добро одморените поединции знаат колку е важен краткиот попладневен одмор, кој помага да бидат попродуктивни и покреативни, но по строги правила. Експертите препорачуваат 30 минути, бидејќи подолгата дремка може да го доведе телото во длабок сон. Најдоброто време за овој попладневен одмор е помеѓу 14 и 15 часот, но никако после 16, бидејќи тоа може да влијае на лошиот сон.

4. Движете се
Луѓето кои повеќе се движат, спијат подобро. Дури и обична прошетка може да даде подобри резултати. Исто така, подобар сон ќе имате доколку вежбате во текот на денот, но се препорачува вежбите да не бидат во вечерните часови.
5. Подобрете ја вашата исхрана
Со други зборови, припазете како се храните. Тоа значи: не конзумирајте кафе во попладневните часови и не јадете чоколадо, месни производи како и зачинета храна. Големите оброци во вечерните часови ќе го поттикнат механизмот на побрзо работење, поради што настанува будење. Исто така одбегнувајте го и алкхолот, тој може да ви помогне во заспивањето, но научно е докажано дека тој сон никако нема да биде добар.
Извор: Think.mk1. Будете се во приближно исто време
Секако дека викендите сите сакаме да отспиеме нешто подолго отколку преку неделата, н

Пронајдете не на следниве мрежи: