Пет тајни кои мажите никогаш нема да ви ги откријат!

Мажите често изгледаат сериозно па дури понекогаш и незаинтересирано…Но што всушност се крие зад цела таа нивна маска?! Сигурно би сакале да ги “прочитате” мислите на својот партнер и да ги дознаете неговите намери.Како што жените имаат свои мали тајни кои не сакаат да ги откријат, така и мажите имаат по некои од нив.
1. Најдобар во кревет
Кога станува збор за сексуалната моќ и техниката во кревет, машката самодоверба е на многу ниско ниво. Од необјаснети причини, тие се уверени дека им нема рамни и дека секој нивен потег за жената е право уживање во креветот.
2. Тешката шминка не е секси
Припадниците на посилниот пол навистина сакаат жени без шминка. Ако шминката е употребена на правилен- дискретен начин, вашиот сакан ќе биде воодушевен. Но ако сакате да го заведете со заносна шминка, со неколку бои и слоеви пудра на лицето- подобро е на време да се откажете.

3. Сексот под туш е преценет
Феноменалниот секс под туш, кој е прославен од разните филмски сцени, во вистинскиот живот не е многу возбудлив. Лизгавите плочки, тесната када или туш кабина, водата и сапуницата го прават овој секс многу непријатно, но и опасно искуство.
4. Сака да се мази
Прегратките, чешкањето и нежните бакнежи не се резервирани само за жените. И мажите сакаат кога со нежни допири им покажувате дека ви значат.
5. Љубомората е секогаш присутна
Скоро и да не постои маж кој не почувствувал љубомора во моментот кога неговата девојка посветува внимание на некој друг маж. Тоа е рефлексна реакција која може да сигнализира несигурност.Како што жените имаат свои мали тајни кои не сакаат да ги откријат, така и мажите имаат по некои од нив.

Пронајдете не на следниве мрежи: