Тегоби, депресија, слабост во мускулите, главоболка, губење на апетитот, мачнина и несоница се рани знаци кои покажуваат недостаток на магнезиум во организмот, додека поголемиот недостаток на овој минерал влијае врз работата на мускулите.Еве пет причини зошто магнезиумот е исклучително важен за човековото тело:
Срце: научните истражувања покажуваат дека магнезиумот успешно го намалува крвниот притисок кај луѓето кои патат од блага и умерена хипертензија.
Коски: магнезиумот е четврт минерал по застапеност во човековото тело, а околу 50 отсто се наоѓа во коските. Тој влијае врз апсорбцијата на калциумот, односно заедно со него е важен за зачувување на цврстината на коските.
Дијабетес: минералот го подобрува делувањето на инсулин, па затоа е користен во превенција на дијабетес тип 2, како и кај луѓето кои веќе боледуваат од таа болест.
Дигестија: магнезиумот ги опушта цревата и ја омекнува столицата, додека премногу калциум може да предизвика нередовна столица. Една чаша минерална вода со магнезиум е одлична во регулирање на дигестијата, но не претерувајте – вишокот на магнезиум во организмот може да предизвика дигестивни проблеми.
Хроничен умор: недостатокот на магнезиум може да предизвика појава на хроничен умор, како и анксиозност, тегоби, депресија и напад на астма поврзан со ваквите состојби.
Извори на магнезиум во однос на дневните потреби на 100 грама:
• Бадеми – 268 мг. (68 отсто од препорачаните дневни вредности)
• Индиски ореви – 260 мг. (65 отсто од препорачаните дневни вредности)
• Кикирики – 176 мг. (44 отсто од препорачаните дневни вредности)
• Спанаќ – 87 мг. (22 отсто од препорачаните дневни вредности)
• Соја – 86 мг. (21 отсто од препорачаните дневни вредности)
• Банани – 27 мг. (7 отсто од препорачаните дневни вредности)
• Компири – 25 мг. (6 отсто од препорачаните дневни вредности)
• Чоколадно млеко – 23 мг. (6 отсто од препорачаните дневни вредности)Еве пет причини зошто магнезиумот е исклучително важен за човековото тело:
Срце: научните истражувања покажуваат дека магнезиумо