Многу е лесно да изедеме повеќе од што ни е потребно. Со големите ресторански порции или навиката да јадеме пред телевизор, тешко е да се задржат добрите навики и да се контролира големината на порцијата. Сепак постојат методи кои сигнализираат дека сме сити и треба да престанеме со јадење. Еве некои трикови.
Пијте мали голтки
Истражувањата покажуваат дека конзумирањето течности со мали голтки помага да изедеме помалку храна. Иако се чини нелогично, луѓето пијат повеќе ако пијат течности со помали голтки. Учесниците во истражувањето кои конзумирале супа со помали голтки, изеле за 30% повеќе супа.
Одберете храна со јак мирис
Храната со специфична интензивна арома може да помогне да внесете помалку храна. На учесниците во студијата им бил даден пудинг со различен инензитет на ванила арома. Кога аромата била појака, испитаниците јаделе помали порции.
Сервирајте храна со контрастни бои
Ако сакате да јадете помалку компир или тестенини, не одбирајте бели чинии. Изборот на чинија за јадење со контрасна боја овозможува во чинијата да ставиме помалку храна.
Помали чинии
Порцијата ќе ви се чини поголема доколку е сервирана во помала чинија. На овој начин можете да ја намалите конзумацијата на храна за 20%.
Намалете го светлото и стишите ја музиката
Една студија спроведена во ресторан покажала дека пригушеното светло и музика ги смирува гостите, а во таков амбиент гостите во просек конзумираат околу 175 калории помалку од вообичаеното, што е за 18% помалку.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Многу е лесно да изедеме повеќе од што ни е потребно. Со големите ресторански порции или навиката да јадеме пред телевизор, тешко е да се задржат д