Пет вежби кои го поттикнуваат креативното размислување

Една искра може да разгори силен оган. Целата тежина е во тоа како ќе го фатиме, задржиме и зајакнеме пламенот на оваа искра на инспирацијата. Некои ја поседуваат оваа способност од самото раѓање, но повеќето луѓе внимателно мораат да ја изучуваат оваа техника.Ви нудиме пет вежби за развивање на креативноста за кои сме убедени дека ќе ви помогнат при процесот на размислување:
Две случајности
Земете толковен речник и изберете два случајни збора. Едноставно изберете со прстот на страниците кои ќе ги отворите по ваш избор. Средете ги двата концепта и обидете се да најдете нешто заедничко помеѓу нив. Измислете добра приказна за нив, со која ќе остварите добра поврзаност помеѓу зборовите. Оваа вежба одлично го тренира мозокот.
Лудиот генетичар
Земете чист лист хартија и фломастер. Најдобро ќе биде ако не можете да цртате, бидејќи убавината и резултатот не се од значење во оваа вежба. Најважен е самиот процес. Сега нацртајте нешто што содржи што повеќе знаци од сите животни на кои можете да се сетите. Пример, лисица со опашка на риба или зајак со копита. Целта на вежбата е да отстраните сите знаци на логиката и здравиот разум и да го нагласите креативниот потенцијал.

Безумниот архитект
Од животните минуваме на архитектурата.
Нацртајте една куќа. Пред тоа замислете 10 случајни зборови. Замислете дека сте архитект и ви нарачале проект за зграда. Нарачателот сепак ви поставил 10 задолжителни услови. Тоа се избраните зборови. Може да се вклучи буквално сè – на пример „портокал” – и покривот на вашата куќа може да стане портокалово. Или „чинија” – и прозорците ќе добијат овална форма. Додека цртате, замислувајте како би изгледала зградата во реалноста.
10 + 10
Изберете некој збор, но да биде именка. Сега напишете 5 придавки, кои според вас најмногу ѝ одговараат. На пример, ако зборот е „чорапи”, придавки може да бидат „црни, топли, волнени, зимски, чисти”. Дали сте подготвени? Сега пробајте да напишете уште 5 придавки, кои воопшто не одговараат на зборот. Тука веќе станува тешко. Сами ќе видите во колку сфери на перцепција ќе треба мисловно да преминете, за да ги најдете потребните зборови.
Име
Секој пат кога некој предмет ќе ве заинтригира, обидете се да му измислите име. Тоа може да биде кратко и незаборавно, или пак долго и комплицирано. Целта на вежбата е името да ви се допаѓа.
Повторувајте ги овие вежби секој ден и наскоро ќе видите како потенцијалот на вашата креативност ќе достигне нови височини!Ви нудиме пет вежби за развивање на креативноста за кои сме убедени дека ќе ви помогнат при процесот на размислување:
Две случајнос

Пронајдете не на следниве мрежи: