ПЕТ виновници поради кои имате НЕПРИЈАТНА миризба под пазувите!

Причините поради кои се потиме можат да бидат различни, но едно е сигурно: потта без одредена причина не би требало да има мирис. Кога ќе ви ги откриеме главните 5 виновници поради кои потта има непријатна миризба, ќе ви стане јасно дека имате поголема моќ врз вашиот телесен мирис, отколку што мислите.Ова се петте причини поради кои некогаш мирисот на потта е поинтензивен од обично:
Стрес
Потта предизвикана поради стрес најтешко може да се контролира. Кога сме под стрес, нашето тело може да реагира со претерано потење, а поради зголеменото лачење на хормонот кортизол, потта го менува мирисот. Исто така, анксиозноста предизвикува лачење на пот со поинаков мирис. Истражувањата покажале дека луѓето потсвесно можат да ја препознаат разликата помеѓу „обична“ пот и пот предизвикана поради стрес.
Состав на облеката
Постои добра причина зошто никој повеќе не вежба во маички од полиестер. Природните влакна како памук, волна или лен ѝ дозволуваат на кожата да дише и на потта да испари. Од другата страна, синтетичките влакна како најлонот или полиестерот, па дури понекогаш и природните како свила, можеби изгледаат убаво, но нивната способност да ја одбиваат потта може да предизвика таа да добие непријатен мирис. Овие ткаенини создаваат и услови за развој на бактерии, со тоа и појава на непријатна миризба.

Погрешни дезодоранси
Nекои дезодоранси, антиперспиранти и лосиони за тело поради одредени состојки се храна за бактериите и можат да предизвикаат уште поголем раст на истите. Доколку препознаете дека некој дезодоранс не ви одговара заменете го со нов, или барем некое време воопшто не користете дезодоранс и носете само памучни маици.
Одреден вид храна
Прекумерната конзумација на лук може да предизвика да мирисаме како италијански ресторан, ако наредниот ден решиме да вежбаме. Но, научниците откриле еден интересен факт кој влијае на мирисот на нашето тело. Имено, откриле дека недостатокот на магнезиум може да предизвика силен мирис на потта. Добра вест е дека темното чоколадо е исто така добар извор на магнезиум, па освен што ќе ви го подобри расположението, ќе направи и да мирисате „слатко“. Откриено е и дека луѓето кои јадат храна која содржи високо количество на колин, како јајца, риба, соја, пченични никулци, свинско месо и сл. имаат специфичен мирис. Колинот е основна состојка која се наоѓа во билните и животински ткива како дел од лецинитнот и има важна улога во организмот за одржување на структурните мембрани, транспортот и метаболизмот на масти. Високите дози на колин можат да се поврзат со телесен мирис кој потсетува на риба. Избегнувајте зачинета храна, лук, кромид и храна богата со шеќери, кофеин, алкохол, никотин и сл.
Навики за одење во тоалет
Одложувањето на одењето во тоалет, по било која нужда, може да влијае на мирисот на вашето тело. Имено, откриено е дека во текот на констипацијата на токсините кои се испуштаат од дигестивниот систем, тие излегуваат преку порите предизвикувајќи промена на мирисот на телото. Со други зборви, мирисот на „амонијак“ од уринарниот тракт може да стане толку концентриран, што може да почне да излегува преку кожата.Ова се петте причини поради кои некогаш мирисот на потта е поинтензивен од обично:
Стрес
Потта предизвикана порад

Пронајдете не на следниве мрежи: