Пет заболувања за кои нема да поверувате дека постојат!

Идејата нешто да го оштетува телото ни е доволно страшна. И покрај сè, ужасните сцени од филмовите се бледи пред природата, која ни нуди навистина преголеми ужаси.5. Во очното јаболко можат да растат влакна
Сликата која ќе видите е кошмарна и ќе ве натера да се запрашате како е ова можно? Тоа е лимбална циста. Претставува тумор кој се формира во лимбото на рожницата. Предизвикува оштетување на видот, но инаку е бениген тумор.
Овие цисти се голема реткост, но сепак ги има – повеќето долгогодишни очни лекари налетале на вакви случаи еднаш или два пати во својата кариера. Излегува дека од лимбалната циста можат да пораснат секакви работи, вклучувајќи влакна и дури потни жлезди.
4. Синдромот на Јунер Тан ве тера да одите на четири нозе
Овие луѓе страдаат од супер реткиот синдром на Јунер Тан, кој влијае на 19 лица од едно семејство во близина на Искендерун. Има и уште неколку изолирани случаи пак во истиот регион. Научниците првично сметале дека проблемот е во генетска грешка која предизвикува повратна еволуција. Во длабочината, студии покажуваат дека еволуцијата не работи така. Покрај тоа, одењето на страдалниците од синдромот е поблиску до оваа на мачките отколку на приматите … што секако не е подобро за нив.
Значајно е дека овие луѓе изгледа дека се придвижуваат со леснотија и одењето воопшто не им е отежнато. Уште почудно е дека не можат да комуницираат нормално со останатите луѓе и наместо тоа се потпираат на животински звуци и претпочитаат да се разбираат меѓу себе на свој јазик. На крајот излегува дека синдромот е предизвикан од дефекти во мозокот кои влијаат на разпознавачките способности и на чувството за рамнотежа.

3. Синдром на рибен мирис исполнува цела просторија со вашата арома
Не станува збор за само многу лош мирис. Зборуваме за ненадејна појава на тешка миризба на риба, која е толку силна што може да се ослободи низ цела спортска сала и ниеден дезодоранс на светот не помага. Синдромот се предизвикува од проблем со метаболички процеси кои доведуваат до акумулација на триметиламин – супстанца која мириса на расипана риба. Обичното тело нема проблем со преработката во не толку непријатни материи, но дефектен ген може да го спречи овој процес.
Околу 40.000 луѓе страдаат од синдромот на рибниот мирис. Понекогаш, тој може да не се манифестира со години и единствениот начин да се контролира е избегнување храна богата со триметиламин.
2. Напади во одредени ситуации можат да ве натераат да изгубите свест кога ќе ги гледате Зајнфилд
Нападите се чест потфат во хорор филмовите, каде што ликовите обично се будат на чудни места и им се губи меморијата. Разбирливо, тоа е прилично страшно искуство. Уште пострашно е што има луѓе кои го доживуваат секојдневно.
Ситуациона несвестица е губење на свеста и будење предизвикано од најчудните и нелогични работи што можете да замислите. Личи на васовагалнија несвестица (губење на свест, кога нервниот систем е преоптоварен поради физички или емоционален шок што прави срцето да пумпа помалку крв во мозокот), само што тука нападите можат да се предизвикаат буквално од ништо. Под одредени услови на пример, може да се покаже онесвестување секој пат кога ќе се кивне, или при голтање, мокрење. Постојат случаи на напади од смеа.
На пример, здрав маж паѓа во несвест кога чуе смешен виц. Друг, постар маж пак страда од апсурдно специфична верзија на ситуациони напади – тој губи свест секој пат кога ќе го види Џејсон Александер во улогата на Џорџ Констанца. Дознал за тоа кога еднаш гледал „Зајнфилд“.
1. Непрестано дежа-ву
Знаете како во филмовите протагонистот се изгубил во шумата и секогаш го има оној кошмарен момент кога погледнува надолу и ги гледа сопствените чекори, сфаќајќи дека бил тука и порано. Сега, замислете да живеете со тоа чувство цел ден, секој ден. Без разлика што правите во моментот, кога ќе го направите веќе чувствувате дека сте го правеле и порано.
За еден 23-годишен Британец, ова е ужасна реалност. Тој изгледа е целосно здрав и не чувствува никакви невролошки проблеми, но и покрај тоа живее во постојано чувство на дежа-ву. Како што знаете, дежа-ву е моментална „бубачка“ кога мозокот ви кажува дека она што сте го виделе, всушност доаѓа од долгорочната меморија.
Чувството е чудно за околу пет секунди и потоа го заборавате. Само што овој младич не може. Тој живее во овој пекол од 2007 година и неговиот живот воопшто не е лесен. Оваа состојба е прилично ретка.5. Во очното јаболко можат да растат влакна
Сликата која ќе видите е кошмарна и ќе ве натера да се запрашате како е ова мо

Пронајдете не на следниве мрежи: