Пет знаци дека на вашето тело му НЕДОСТИГА витамин Ц!

Недостатокот на витамин Ц може да доведе до бројни здравствени проблеми. Силниот имунитет нѐ штити од вируси и бактерии. Затоа е потребно да му се обезбедат сите потребни минерали и витамини, меѓу кои е и витаминот Ц.Овој витамин е од витална важност за нашиот имунитет, за здравјето на коските, а без него телото не може да го прифати железото, но и одредени протеини.
Знаци дека ви недостасува витамин Ц:
1. Константно чувство на замор и исцрпеност.
2. Промени во расположението проследени со лутина и нервоза без причина.
3. Пад на имунитетот поради кој телото не може да се бори против вирусите и бактериите кои предизвикуваат инфекции и алергии.
4. Крварење од непцата и промена на бојата на забите.
5. Појава на модрици без одредена причина.

Пронајдете не на следниве мрежи: