Долгогодишниот репрезентативен чувар на мрежата Петар Ангелов, кој е познат под својот прекар Диви, како и што најави претходно, денес на прес-конференцијата го официјализираше своето повлекување од националниот тим. Искусниот голман и моментален член на нашиот шампион Вардар, Ангелов истакна дека дека одлуката била тешка, но неминовна.„Секогаш е тешко да се откажеш од она што најмногу го сакаш, но кога ќе дојде време, тоа е неминовно. Дресот на Македонија ми значеше се, уште од првиот натпревар во младинската селекција, се до последната со Чешка во квалификациите. Дваесет години е многу време кои ми овозможија да растам не само како голман, туку и како личност. Единствено за цело време што не се промени е тоа што никогаш не ми помина позитивната трема пред секој меч. Енергијата која ја добивам пред секој меч кога ќе го облечам дресот е неопислива, ми дава таков мотив да го дадам најдоброто од себе. Во овие дваесет години запознав многу играчи, ја делев соблекувалната со вистински патриоти, момци кои ја сакаа својата држава, луѓе кои правеа сè за Македонија. Имав доста тренери и селектори, кои да бидам искрен секогаш не го ценеа мојот труд. За репрезентацијата жртвувам сè, се извинувам на оние поради кои обврските не успеав да им се посветам. На СП во Хрватска додека бев, ми се родија двете дечиња. Секогаш сум ги прифаќал одлуките на селекторот, не сум се скарал со никого, сè во интерес за доброто на Македонија“ вели Ангелов.
Искусниот голман посебен акцент при своето излагање стави на односот на сегашниот селектор Обраван, кој иако не директно, го окарактеризра како главна причина за предвременото повлекување од националниот тим. Исто така можеше да се забележи дека Ангелов во некоја доза е разочаран и од сегашното раководство на РФМ.
„Се беше во ред до квалификациите за ЕП, но потоа не добив повик. Јас сум голман на тим кој е во десетте најдобри во Европа и три сезони по ред четвртфиналист. Им посакувам се најдобро на репрезентативците, да се пласираат на ЛОИ во Рио, жал ми е што нема да бидам со нив повеќе . Не сакам сега да зборувам, да ја нарушувам атмосферата, не сакам да биде после „Диви“ е виновник. Јас ќе бидам тој првиот што ќе ги пречека на аеородром и ќе им честита“, изјави Ангелов.
Ангелов својата репрезентативна кариера ја започна далечната 1996 година во младата селекција, а прв настап за сениорскиот тим на Македонија го имаше во дуелот против Босна и Херцеговина, одигран во 2002 година. Зад неговото име ќе останат 138 настапи во дресот со националниот грб, а има и седум постигнати голови.
Извор: Гол.мк„Секогаш е тешко да се откажеш од она што најмногу го сакаш, но кога ќе дојде време, тоа е неминовно. Дресот на Македонија ми значеше се, ушт