Петар Николов Васков

Петар Николов Васков е роден на 18 мај 1875 година во Велес. Брат е на македонскиот револуционер и лекар Панчо Васков (1870 – 1951). Основно училиште завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската егзархиска гимназија. Во гимназијата станал член на Тајниот ученички револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата во 1893 година, своето образование го продолжил на Вишото училиште во Софија, денешен Софиски универзитет.Петар Васков (18. V 1875 – 10. XI 1907) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Член е на Одринскиот окружен револуционерен комитет на ТМОРО и како војвода на чета учествува во Илинденското востание во 1903 година. Познат е под псевдонимите Новак, Педро и Тихомиров. Во 1907 година, загинал во борба со османлиската војска кај селото Лаџаќој, Дедеагачко, заедно со Лазар Маџаров и други соборци.
Петар Николов Васков е роден на 18 мај 1875 година во Велес. Брат е на македонскиот револуционер и лекар Панчо Васков (1870 – 1951). Основно училиште завршил во родниот град, а потоа учел во Солунската егзархиска гимназија. Во гимназијата станал член на Тајниот ученички револуционерен кружок. По завршувањето на гимназијата во 1893 година, своето образование го продолжил на Вишото училиште во Софија, денешен Софиски универзитет.
Во 1896 година дипломирал физика и математика на Вишото училиште во Софија, по што бил средношколски професор во Лом, Видин и Силистра, а потоа од 1898 до 1900 година предавал во Одринската машка гимназија. Во Одрин станал член на Одринскиот окружен револуционерен комитет на ТМОРО. Во овој период неговиот брат Панчо, кој дипломирал медицина во Цариград и работел како доктор во Костур, каде ги поставил темелите на МРО, поради револуционерна активност бил осуден на доживотна робија во Мала Азија.
Петар останал во Одрин се до 1900 година, кога неговиот брат Панче поради заслуги на здравствено поле бил амнестиран и вратен во Велес. Таа година, поради револуционерна дејност и како пројавен социјалист, Петар бил отпуштен од гимназијата, по што работел како учител во Сливен.
Петар Васков бил делегат на Деветтиот македонски конгрес кој се оддржал во јули-август 1901 година во Софија. На конгресот застанал на страната на Борис Сарафов. Наредната 1902 година, на 28 јули, тој учествувал и на Десеттиот македонски конгрес, одржан во Софија, на кој повторно се спротивставил на групата на Стојан Михајловски и Иван Цончев.
Во 1902 година, Васков пристапил во Школата за резервни офицери во Софија, каде се подготвува за престојното востание. Во 1903 година, за време на Илинденското востание, тој бил војвода на чета во Демирхисарско и за време на борбите бил ранет.
Во февруари – април 1904 година, заедно со Марко Секулички и Христо Настев, Петар Васков го водел Ќустендилскиот пограничен пункт на Македонската револуционерна организација. Васков одржувал контакти со задграничните претставници Христо Матов, д-р Христо Татарчев и Димитар Мирасчиев и ги помагал четите на Апостол Петков, Лука Иванов, Христо Чернопеев и други кои минувале низ Ќустендил и биле испраќањи во Македонија.
Во 1904 година, како голем патриот и верен на организацијата, велешанецот Петар Васков повторно заминал во Одрин. Таму пак работел како професор во гимназијата и бил назначен за претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Како одличен организатор, тој требало да и даде нов поттик и да ја заживее револуционерната организација во Одринско.
Васков во текот на својот револуционерен живот се откажал од многу удобности и лични задоволства. Додека престојувал во Одринско често знаел ненадејно да исчезне и да се појави. Всушност овој верен и достоен син на Македонија, познат под псевдонимите Новак, Педро и Тихомиров.  деноноќно работел на организациската работа.
На позицијата претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет останал се до 10 ноември 1907 година, кога по предавство од врховистите, загинал во борба со османлиската војска кај селото Лаџаќој, Дедеагачко, заедно со Лазар Маџаров  и други соборци.
Така, како и многу Македонци, далеку од својата родна грутка, славно заврши младиот и бурен живот на велешанецот Петар Васков. Но, народот во Одринско, не ја заборавил неговата жртва и во негова чест  е наречено село Васково во Свиленградско.Петар Васков (18. V 1875 – 10. XI 1907) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Член е на Одринскиот окруже

Пронајдете не на следниве мрежи: