Кина е држава која се одликува со широк спектар на различни и богати култури. Еден аспект на кинеската култура е нејзината богата кинематографија. Продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“ преку проектот „Ревија на светските кинематографии – Кина“ го подотвора прозорецот за кинеските културни вредности со цел да изгради културен мост меѓу Македонија и Кина и да го доближи кинескиот филм до македонската публика. Со таа цел, од 16 до 20 мај во Кинотеката на Македонија организираме „Ревија на кинески филмови“. Во рамки на ревијата ќе бидат прикажани пет филмови од кинеската кинематографија.Филмската лента ќе почне да се одмотува во понеделник од 20 часот со проекција на играниот филм „Нарушувајќи ја тишината“ од 2000 година, во режија на Џоу Сан. Ова е драма за една мајка која ќе направи се да му овозможи добар живот на нејзиниот син кој има проблеми со слухот.
Следниот ден во 20 часот ќе игра играниот „Двајца стануваат еден“ од 2006 година, во режија на Винг-чеонг Лоу. Станува збор за моќна одисеја на една жена која се бори со рак на дојката.
Во среда од 18 часот ќе биде прикажана акционата комедија „Мал голем војник“ од 2010 година, во режија на Шенг Динг. Филмот е по сценарио на Џеки Чен, кој се појавува и во главната улога.
Четврток (18 ч.) е резервиран за уште една акциона комедија – „Мој личен мечувалец“ од 2011 година, во режија на Џјинг Шанг. Филмот е снимен според истоимената серија од 2006 година која беше голем хот во Кина.
Ревијата завршува во петок со филмот „Лотосов фенер“, екранизација на позната кинеска легенда, кој во 17,00 ч. ќе можат да го проследат најмладите и оние кои сакат да се запознаат со кинескиот фолклор. Филмот во режија на Чанг Гуангшји е победник во категоријата „најдобар анимиран филм“ за наградата „Златен петел“ која ја доделува Кинеската филмска асоцијација.
Проектот е реализиран во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На отворањето ќе се обрати кинескиот директор на Институтот „Конфуциј“, проф. д-р Денг Шиџонг. Проектот „Ревија на светските кинематографии“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.Филмската лента ќе почне да се одмотува во понеделник од 20 часот со проекција на играниот филм „Нарушувајќи ја тишината“ од 2000 годин