Петерле: Што побрзо да се реши кризата

Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, Алојз Петерле се надева дека развојот на политичките случувања во Македонија ќе доведе до поголем политички развој на земјата во вистинската насока, јавува дописникот на МИА од Стразбур.- Што се однесува до нас во Европскиот парламент, ние сакаме да сите главни политички актери работат за доброто на целата нација, на целата Македонија и да напрват сé за да се спроведе т.н. договор од Пржино, за да може да дојде до избори и до нормализација. Но, од актерите во Скопје зависи колку сето тоа брзо ќе се среди во подобра насока, вели Петерле.
Со оглед дека македонското Собрание сега повторно функционира нормално, по одложувањето на изборите, ко-претседатетелот на мешовитиот парламентарен комитет ЕУ Македонија, посакува наскоро повторно да дојде до состанок на овој комитет.
– Мојата желба е ова време да не се употреби за меѓусебно обвинување, туку да се претстават решенија, да се претстави волја, со кои земјата ќе може да оди подалеку, истакна Петерле.
Словенечкиот европратеник Алојз Петерле, не крие дека случувањата во Македонија се одразуваат на впечатокот кој за неа се има во Европската Унија.
– Турбулентите случувања во Македонија, сигурно не ги зајакнуваат европските перспективи, бидејќи работите не беа спроведени. Но, сигналите кои сега доаѓаат од Скопје, ја засилуваат надежта дека нештата ќе одат во вистинскиот правец. Нас не ни останува ништо друго, освен да се надеваме дека навистина ќе дојде до тоа. И овој пат ќе кажам,  дека динамиката ја определува Македонија самата. Кога ќе бидат исполнети условите, тогаш процесот на евроинтеграциите ќе продолжи понатаму. Македонија може да ги работи нештата за кои сме се договориле во пристапниот процес, потенцира Петерле.
Запрашан за тоа дали Македонија ја има и понатаму силната поддршка во Европскиот парламент, како пред тешката политичка криза во која се најде земјата, Петерле соодговор: – Оние кои се занимваат професионално со Македонија, тие точно знаат што се случува. Никој не е воодушевен со состојбата во Македонија. И не би било добро политичката нестабилност во Македонија да го релативизира статусот на Македонија или ја намали неговата релевантност во однос на процесот за пристапување.- Што се однесува до нас во Европскиот парламент, ние сакаме да сите главни политички актери работат за доброто на целата нација, на целата Македон

Пронајдете не на следниве мрежи: