Пет годишното девојче Софија Мос слободното време го поминува читајќи книги наместо да игра детски игри.
Неверојатно но вистинито, ова девојче од Луизијана, САД, за една година има прочитано 875 книги.
Библиотекарката во локалната библиотека Мери Лание вели дека ако Софија продолжи да чита со вакво темпо наскоро ќе мора да нарачува нови книги.
Карл, таткото на малата Софија, вели дека се започнало поради ликот од популарната детска емисија „Улицата Сезам“, Елмо, благодарејќи на кој девојчето научило да чита кога имало три и пол години.
– На почетокот секој ден од библиотеката земаше по три книги, но сега таа бројка порасна на десет, вели Карл Мос, гордиот татко, кој посакува неговата ќерка да стане адвокат.
Софија вели дека е најсреќна кога чита и дека некогаш се случува дневно да прочита и по шест книги.
Пет годишното девојче Софија Мос слободното време го поминува читајќи книги наместо да игра детски игри.