Европратеничката Маријана Петир, која претседава со групата на пријатели на Македонија во Европскиот парламент, изрази загриженост за политичката состојба во Македонија и за прифаќањето на „Тиранската платформа“ од страна на СДСМ и побара да се разгледа можноста за одржување нови избори.– Условите на трите партии кои ја застапуваат албанската заедница во Македонија, кои по изборите формираа таканаречена „албанска платформа“, не се во согласност со Уставот на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ, како партија која победи на изборите, ги отфрли овие услови. Албанската платформа се создаде во соработка со премиерот и министерот за надворешни работи на Република Албанија, претставува директно кршење на македонскиот Устав, и ги загрозува правата на македонскиот народ во нивната матична држава. Со неа се бара на албанската заедница, која веќе ги ужива сите малцински права, да и се даде статус на државотворен народ, посочува европратеничката Петир.
Според неа, Република Македонија се наоѓа во ситуација која не е предвидена со Изборниот законик – на партија која победи на изборите со лидер на кој Претседателот на Републиката му довери мандат, да и биде ускратена поддршката од другите политички опции.
– Како политички победник, ВМРО-ДПМНЕ покажа подготвеност да поддржи малцинска Влада на СДСМ, во интерс на македонскиот народ, но со отфрлање на уцените на малцинските партии. СДСМ го одби овој предлог и ја прифати „албанската платформа“, како пост-изборна творба создадена во странска држава, во соработка со странски Влада, пишува во реакцијата на Петир.
Хрватската европратеничка ги повикува сите политички актери во Македонија да го почитуваат Устав и да ги надминат политичките поделби, за да продолжат реформите во земјата. – Доколку не е возможно да се постигне коалиција меѓу двете најголеми партии во Македонија, не треба да се исклучува одржувањето на нови избори како решение од кризата, додава Петир.– Условите на трите партии кои ја застапуваат албанската заедница во Македонија, кои по изборите формираа таканаречена „албанска платфо