Петир: Македонската влада дава огромна поддршка за земјоделците

Нашиот став е дека Македонија веќе 10 години неправедно се наоѓа во чекална и дека таа блокада мора да се прекине и на Македонија да и се отворат преговори со Европската Унија, а билатералниот спор со Грција околу името треба да се реши за време на преговорот. Такво искуство веќе имаме, токму така Хрватска со Словенија го решаваше своето билатерално прашање, истакна европратеничката Маријана Петир, која денеска заедно со Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, оствари средба со земјоделците од Кукуречани.-Македонско-европскиот пат е исклучително важен бидејќи тоа отвора нови перспективи за Македонија, посебно во секторот земјоделство и рурален развој. Секоја држава која се грижи за својот суверенитет, се грижи и за своите земјоделци. Поради тоа ѝ честитам на македонската влада која повеќекратно го зголеми буџетот за земјоделците, за преку субвенциите на земјоделците да им даде поддршка и можност за да ја обноват својата механизација, да изградат свои имоти, да ги преработат своите производи и да на тој начин бидат поконкурентни, но на тој начин македонската влада ги подготвува и за новиот голем пазар на ЕУ, рече таа.
Оние луѓе, додаде европратеничката Петир, кои произведуваат храна, кои го чуваат руралниот простор, кои го држат семејството заедно, треба да имаат поддршка и тоа македонската влада го препознава и тоа се гледа во буџетот.
-Јас верувам дека така и ќе продолжат и очекувам дека после изборите ќе имаме политички стабилна ситуација, бидејќи тоа е исклучително важно во контекст на повлекување средства од ЕУ. Токму поради оваа политичка нестабилност кои за жал се случуваа во изминатиов период, не се успеа да се повлечат сите оние средства кои беа наменети за Македонија. Затоа е важно, Македонија да има одговорни политичари, да има на власт политичари кои го сакаат овој народ и кои ја сакаат оваа земја.-Македонско-европскиот пат е исклучително важен бидејќи тоа отвора нови перспективи за Македонија, посебно во секторот земјоделство и рурален разво

Пронајдете не на следниве мрежи: