Делумно е прифатено тужбеното барање на премиерот Никола Груевски во случајот против Тито Петковски.
Основниот суд утврди дека тужениот Петковски изнел невистини во весникот „Фокус“.
Имено, Петковски треба да му исплати 650.000 денари на тужителот. Адвокатот на Груевски, Никола Додевски, по изречената пресуда изрази задоволство затоа што, како што рече, судот во целост го прифатил тужбеното барање.
Премиерот го тужеше Петковски за клевета затоа што во октомври минатата година за неделникот „Фокус“ изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008 предложил новото име да биде Република Македонија (Скопје).
На првото рочиште, премиерот изјави дека не е точно дека испратил такви писмо и дека постоел предлог од медијаторот Метју Нимиц за решение на проблемот со името кој дошол непосреден пред самитот на НАТО во Букурешт истата година,и за којшто, владата изразила волја таквиот предлог да биде даден на референдум, граѓаните да одлучат дали ќе го прифатат предлогот Република Македонија (Скопје).
-Тоа не е точно. Никогаш такво писмо не сум испратил и затоа поднесов тужба за клевета за да се докаже дека тоа не е така. Ќе потенцирам дека во пресудата на Хашкиот трибунал во точката 136 јасно стои дека постоел предлог од медијаторот Метју Нимиц за решение на проблемот наметнат од Грција поврзан со нашето уставно име кој дошол непосредно пред Самитот на НАТО во Букурешт и за кој ние сме изразиле волја да го дадеме на референдум за сите граѓани да можат да одлулат дали тој е прифатлив. Стануваше збор за предлогот Република Македонија во заграда Скопје“, изјави минатата недела, премиерот Груевски по давањето исказ во судот.
Извор: kurir.mkДелумно е прифатено тужбеното барање на премиерот Никола Груевски во случајот против Тито Петковски.