Петмина се загубиле на пуст остров, а пораката која ја пратиле им го спасила животот

 
Едната од преживеаните, Лин Форбс Смит, раскажува за тоа како се помириле со фактот дека мораат ноќта да ја поминат на пустиот остров. Тие биле заробедни 9 часа на островот додека не дошол хеликоптер да ги спаси.
 Лин раскажува како таа и уште една жена и тројца мажи заглавиле на пуст остров во Квинсленд, Австралија. Таа вели дека имале соодветни обувки за одење по камења, но немале храна, вода, крема за сончање, шапки. Сонцето едноставно ги „пржело“ на карпестиот остров. Барале издигнати карпи каде би можеле да се засолнат и од силниот ветер, но и од сонцето.

Поморската полиција на Квинсленд го забележала празниот чамец помеѓу островите како плови по морето, и кога не нашле патници, повикале спасувачки екипи.

Спасувачкиот хеликоптер забележал порака на островот каде престојувале: сигналот SOS кој со песок и камења го испишале на плажата, откако увиделе дека чамецот со кој дошле им отпловил кон морската широчина.
Тие брзо биле пронајдени и пренесени во спасувачкиот центар. Освен мали изгореници, нивната општа здравствена состојба била добра.
 
Лин раскажува како таа и уште една жена и тројца мажи заглавиле на пуст остров во Квинсленд, Австралија. Таа вели дека имале соодветни обувки за од

Пронајдете не на следниве мрежи: