Петнаесет повредени при неуспешно полетување на авион во Индија

Петнаесет лица се повредени и пренесени во болница, откако патничкиот авион на компанијата „Џет Ервејз„ при полетувањето, скршнал од пистата на аеродромот во Гоа, во Индија, се завртел за 360 степени и на крајот завршил на тревата.Во авионот „Боинг 737“ кој се подготвувал да полета од Гоа за Мумбај, имало 154 патници и седумина членови на екиажот.
Според изјавата на претставник на спасувачките екипи, сите повредени се надвор од животна опасност, а нивните повреди се од полесна природа.
Отворена е истрага за овој инцидент, а авионската компанија „Џет Ервејз“ изрази жалење за она што се случи утринава на аеродоромот во Гоа.
Во соопштението на компанијата се вели дека причина за инцидентот е „техничка грешка“ на авионот кој при вртењето и излегувањето ги има оштетено предните тркала, па заврши покрај пистата, наведнат на предниот дел од леталото.
Некои патници им изјавиле на индиските медиуми дека кога авионот почнал да се врти, настанала паника во кабината.
– Имавме навистина голема среќа што сето ова се случи додека авионот се уште беше на земјата, изјавил еден од патниците.Во авионот „Боинг 737“ кој се подготвувал да полета од Гоа за Мумбај, имало 154 патници и седумина членови на екиажот.
Според и

Пронајдете не на следниве мрежи: