Уште една успешна диџејка во Скопје ќе настапи на 7ми април во клубот Епицентар. Нејзиното име е Amelie Lens која ни доаѓа од Белгија за да ги забавува љубителите на techno и house музиката.Amellie Lens како молња пристигна на светската сцена и покажа дека секој труд вложен во креативноста и талентот, нејчесто резултира со сатисфакција.
Медиумите за неа сакаат да пишуваат како за модел кој патем е квалитетен DJ, но таа вели: „Јас не чувствувам потреба во DJ кабината да ја презентирам својата женственост или добар изглед. Тука сум да ја споделам музиката и енергијата со луѓето“.
Родена е во Antwerp град со сериозна techno и house традиција каде таа ќе успее со многу напор и посветеност кон диџејството да стигне до моментална позиција каде ја дели DJ кабината со врвни techno DJи, а нејзината продукција која не брои многу изданија да биде дел од сетовите на: Maceo Plex, Kobosil, Locked Groove, Mind Against, Pan-Pot, Ian Pooley, Shall Ocin, Danny Tenaglia, Danny Daze, DJ Hell. Таа издава за Second State на Pan – Pot и во моментов е DJ кој секој добар underground techno клуб сака да го има.
Како DJ, таа е енергична и моќна, а од нејзината резиденција во клубот Labyrinth во Hasselt произлегоа настапи со големи имиња на електронската сцена, кои воедно отворија можност и за промоција на локални талентирани артисти од Белгија.Amellie Lens како молња пристигна на светската сцена и покажа дека секој труд вложен во креативноста и талентот, нејчесто резултира со са