Новиот Закон за извршување чија примена е најавена од 1 јануари 2017 година, годишниот извештај за работа на извршителите во 2016 година, но и социјалните права и заштита на правата на странките во извршувањето, се дел од темите кои се обработуваат на Годишното известување на медиумите од страна на Комората на извршители на Македонија (КИРМ) што овие два дена се одржува во Пехчево.Претстедателот на КИРМ, Зоран Петрески, посебен акцент стави на примената на новиот Закон за извршување, кој според него носи многу поволности и за извршителите и за доверителите, но и за должниците.
– Новиот Закон за извршување е резултат на тригодишна работа, но и резултат на искуството од досегашното работење на извршителите и ги надминува сите оние проблеми со кои се соочуваа и извршителите и доверителите и сите засегнати. Примената на законот треба да почне од први јануари, а ќе донесе бројни предности, посебно за граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории. Апелираме, доколку постои некој спорен момент во законот или ако дел од законот е спорен, тогаш да се одложи примената само на тој дел, бидејќи целиот закон носи бројни поволности и би било штета повторно да се одложи неговата примена, рече Петрески.
Тој додаде дека во новиот закон има многу поволности за ранливите категории.
– Во новиот закон се предвидува дека за неплатени комунални сметки извршителот не смее да блокира без претходно да го извести граѓанинот дека постои некој долг и да побара од него да предложи начин на кој ќе се сервсира долгот. Исто така, воведувањето на вонсудската наплата е апсолутно поволен момент кој ќе овозможи пред почетокот на каква било постапка, граѓанинот да го сервисира својот долг без поголеми трошоци. Додека третиот и најважен момент е електронското поврзување на извршителите со сите институции од каде ќе се добиваат бесплатни податоци од сите институции со што ќе се намалат трошоците, рече Петрески.
Инаку, во првите девет месеци извршителите во Македонија примиле 134.740 барања за извршување, реализирале само 28,40% или 38.266, а вкупниот износ на наплата од извршување е 75.715.471 евра што е 2 милиони евра помалку од лани.Претстедателот на КИРМ, Зоран Петрески, посебен акцент стави на примената на новиот Закон за извршување, кој според него носи многу поволности