Петров: Лудилото на СДСМ мора да престане!

Како што наближува 11 декември, сѐ поочигледно е дека СДСМ бара секакви можни начини со кои ќе ги одложи изборите.Ова не претставува изненадување, со оглед на досегашните притисоци од страна на оваа партија и нејзините коалиционери. Од година на година бараат нови мети за искористување за да предизвикуваат состојби со кои ќе се дестабилизираат државата и институциите.
За оваа тематика пишува и Јован Ване Петров на Фејсбук:
„Уште еден обид за одложување на изборите е повторната иницијатива за промена на законот за СЈО,сега од Павле Трајанов. Доколку се сигурни СДС и нивните сателити дека ќе победат на предвремените парламентарни избори, зошто тогаш толкава фама околу тоа кој ќе го поддржи, а кој не носењето на измените на законот за СЈО???
11 декември е денот кога би требало многу работи да излезат на виделина, но не… стравот од убедлив пораз го чини своето и се бара сламка на спасот преку законските измени да се прикаже дека нема услови за оддржување на избори.
Уште еднаш по кој знае кој пат јасно се виде дека ЕУ е страшно заинтересирана кој ќе биде на чело на државата за да може комотно да дава инструкции што и како да се прави и со внатрешната, но што е многу позначајно, со надворешната политика. Увидоа дека СДС не се кадарни и ја немаат поддршката којашто им е потребна за да дојде на власт и сега преку разни притисоци се бара начин за уште едно одложување коешто би значело крај на демократијата и демократските процеси во Македонија.
Со одложувањето на изборите политичката криза ќе се продлабочи, а со самото тоа и инвестициите како странски, така и домашни, уште повеќе ќе се намалат што ќе предизвика социјален немир. Овие избори коишто МОРА да се оддржат, не се избори за партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното останување на власт, овие избори се директно поврзани со постанокот на МАКЕДОНИЈА, за зачувување на нејзиниот територијален суверенитет и зачувување на националните чувства на секој еден МАКЕДОНЕЦ без разлика на религија, политичко убедување и национална припадност.
СДС со ова прави огромна штета, штета којашто во наредните 20 години тешко дека ќе може да се поправи и се директни учесници против она за што само декларативно се борат, бидејќи ако нема инвестиции ќе нема ниту отворање на нови работни места, а тоа ќе биде директна причина за понатамошно иселување од Македонија. Оваа лудило коешто СДС сака да го претстави како борба за демократија мора сега и веднаш да престане, зошто во противно како што повеќе го немаме знамето, како што го немаме ниту УСТАВНОТО ИМЕ ќе ја немаме и државата МАКЕДОНИЈА.
Избори на 11 декември мора да има, не заради партиите туку за народот и државата.“
Ова не претставува изненадување, со оглед на досегашните притисоци од страна на оваа партија и нејзините коалиционери. Од година на година бараат н

Пронајдете не на следниве мрежи: