Прогласот на тн. слободумни патриоти ги крена на нозе вистинските и лојални поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, поради нивното познавање на овие луѓе и разоткривање дека станува збор за опортунисти коишто чекаат да се дограбат до фотеља. Еден од главните противници на оваа манипулативна идеологија и обид за приграбување на политичка моќ е и Јован Петров кој се огласи на Фејсбук.
„Прочитав еден проглас, повик од самонаречените СЛАБОУМНИ, се извинувам слободоумни патриоти во коешто повикуваат да се кренел гласот против ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и лично против претседателот (да потсетам ЛЕГИТИМНО ИЗБРАН НА ПОСЛЕДИОТ КОНГРЕС) И ДА СЕ СТАВЕЛО КРАЈ КАКО ШТО УШТЕ НАВЕДУВААТ НА МОЛКОТ И НА СТРАВОТ.
Се повикуваат на старото членство, на основачите на оние коишто се од почеток во партијата. Добро, во ред, повикуваат, но никако не кажуваат кои се тие нови сили коишто треба да го поведат членството и партијата кон `слобода` и `демократија` во партијата, па ги прашувам јавно дали тоа можеби е Владо Змејковски којшто е потпишан како претседател? Или тоа можеби е Самоил Малчевски којшто беше еден од иницијаторите на ова здружение или можеби Нестор Огинар којшто е таму некаде далеку од Македонија и од случувањата во партијата???
Дали сево ова не е обид на нереализирани поединци како Владо, Самоил и останатите да ја искористат моменталната политичка ситуација и преку грбот на сите членови, симпатизери и искрени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат да се дограбат до некаква функција, фотеља???
Искрено ги повикувам повеке никако да не се повикуваат на старите искрени членови зошто ниту ги прашале ниту добиле таква согласност.“
Еден од главните противници на оваа манип