Режимот кои што е воспоставен на чело со Заев одбива да го даде на увид на македонската јавност и на политичките партии како и на стручните лица документот кој што треба да се потпише со Бугарија. Она што досега го знаеме како информација од бугарската страна дека навистина станува збор за еден чин на велепредавство и еден чин на избрзување и потпишување на договор кој не се знае какви се импликации ќе има врз Македонија и севкупно предавство на македонските државни интереси, изјави во Филип Петровски поранешниот директор на државен Архив во вестите на телевизија Алфа.-Да не се разбереме погрешно јас сум за добрососедство со Бугарија и ние треба да бидеме блиски и познавајќи ја историјата ние имаме исти интереси. Сега слушаме дека ќе има контрола и врз медиумите и дали едно вакво интервју ќе биде казнето и цензурирано? На македонската јавност и е позната пропагандната машинерија која што ја има Заев и беше сервирано дека само што ќе отиде Димитров во Атина се ќе се заврши бидејќи станува збор за нова гарнитура и тоа е лажен триуфализам и енергија која се распука како меур од сапуница бидејќи Атина не ги промени своите ставови, потенцираше Петровски.
Тој истакна и дека треба да имаме добрососедство и тоа мора да се базира врз рамноправни основи, треба да бидеме блиски и треба да се разгледуваат сите барања кои што ќе дојдат од двете страни и треба да се уважуваат на реципроцитет, ако не тогаш имаме доминација.
-Она што гледам е дека никој не води грижа за македонските национални интереси и јас се сомневам дека оваа гарнитура беше поставена поради тоа да ја демонтира секоја национална помисла и да го демонтира секој отпор од наша страна. Договорот со Бугарија и не е финале, тоа е само увертира во промена на името, потенцираше Петровски.