Д-р Филип Петровски: Идејата на Иванов со аболицијата беше да ги смири тензиите

Вечерва гости во емисијата „Отворено  студио“ на тв Нова гости се Љубомир Јосифовски, пратеник на НСДП, д-р Филип Петровски, директорот на Државен Архив на Република Македонија и  поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Реџеп Мемеди од партијата Беса. Главна тема на вечерашната емисија е  прашањето околу  повлекувањето на аболицијата на претседателот Ѓорѓе Иванов.
Гостите во  емисијата дадоа свој став во  врска со одлуката на претседателот  за аболиција. Јосифовски истакна дека тоа што Иванов го стори не е во  ред и  дека треба да ја превземе одговорноста  и  тоа што  е се консултирал со никого и донел одлука за аболиција на 56 лица е неприфатливо и  доказ за тоа е секојдневното марширање на граѓаните на Р.М и кои генерално ги потенцираат нивните барања во кои  основно е повлекување на аболицијата.
„Доколку гледам како поединец на ситуацијата, претседателот со одлуката за аболиција сакаше да ја релаксира настаната ситуација. Тоа беше искористена од опозицијата, толкувајќи го ова во негативна конотација. Не мислам дека народот протестира, туку аболументата на „Сорос“ која е платена за тоа и протестираат  луѓе кои  што верувам дека сега веќе нема да се појавуваат откако знаат колку  средства земале тие што ги предводат протестите“ вели Петровски.

Пронајдете не на следниве мрежи: