Петровски: Јанева прави циркус од државата

Филип Петровски заедно со Исмет Рамадани беше гостин во дебатната емисија на ТВ Нова.Тема на дебатата беа меѓуетничките односи и Меѓународната заедница.
Во дебата, Филип Петровски му одговори на Исмет Рамадани дека функцијата на Катица Јанева и самото нејзино доаѓање во улога на Специјален Јавен Обвинител е за да го одложи судењето за случајот „Пуч“ и во изјави за медиумите да вели дека е треба да оди на прослави или да открива детали од приватниот живот.
-Не сум сигурен дека Катица Јанева како личност има доверба од странските претставници. Институцијата на Јавното Обвинителство требаше да се формира и тоа беше договорено на состанокот на четирите партии во Договорот од Пржино – изјави Петровски.
Во понатамошното негово зборување, тој ја нагласи недовербата која е настаната поради нејзините многубројни одложувања на случајот „Пуч“.
-Последното нејзино одложување беше дека треба да ја мажи ќерката и после тоа дека ќе пости. Тоа одложување ја чини државата околу 660.000 евра. Што ќе значи за судските рочишта во оваа држава ако некој нас нѐ повика во суд, да слушнеме реченица во стилот „не ми се работи, постам“, па „ќе одам на свадба“. Па и адвокатите на Заев го прават сличното. Едниот адвокат заминал во Грција, другиот во Шпанија.
Петровски наведе дека Заев поседува доволно средства за да може во текот на целиот негов живот да го одложува судењето и да бега од легитимното соочување со правдата. Исто така, тој наведе дека народот е свесен дека Јанева прави циркус од државата.
-Граѓаните се свесни дека Јанева прави циркус од државата. Троши пари и свесно дава лажни изјави во јавност кои се заверени на нотар. Верувајте дека сето тоа ќе предизвика контраефект на избори – се изјасни Петровски.Тема на дебатата беа меѓуетничките односи и Меѓународната заедница.
Во дебата, Филип Петровски му одговори на Исмет Рамадани дека функцијат

Пронајдете не на следниве мрежи: