Петровски: Македонската јавност е изненадена од она што се случи во Софија

„Треба да се реализираат посети. меѓутоа тие посети со такво значење треба да се реализираат со многу поголема подготовка и многу повнимателно да се изберат темите кои не допираат во Македонските национални интереси“, изјави Филип Петровски во „Аргументи“ на ТВ Нова.Тој е убеден дека македонската јавност, како и сите аналитичари и лица кои барем малку ја разбираат политичката состојба се изненадени, па дури и со неверување гледаат на она што се случи во Софија.
„Тоа што се случи во Софија ќе има трајни последици за нашиот идентитет и историја ако продолжи на ваков начин да се одвива комуникацијата. Според мене заедничкото чествување е исто како да ги викнеме и Турците да дојдат на Илинден и заедно со нив да направиме прослава, односно одбележување на ликвидацијата на четата на Питу Гули на Мечкин камен“, додаде Петровски.
Филип Петровски гостуваше во „Аргументи“ со Љубиша Николовски на тема „Чиј е Илинден?“.

Пронајдете не на следниве мрежи: