Директорот на Државниот архив на РМ, д-р Филип Петровски, на својот Фејсбук преофил посочи за сериозноста од одложувањето на изборните резултати.
„Драги браќа и сестри, секоја генерација има своја борба. Ова е нашата борба. Секоја генерација Македонци била ставена пред предизвик. Сите ние треба денеска да сфатиме дека пред очи ни се случува нова најава за поделба на Република Македонија. Она што беше незамисливо во јуни, денеска преку квислингот Коте од Руља или Заев, е веќе испорачано. Цената ќе биде огромна.
Ова што се случува е последица на планот, којшто сценаристот му го направи, а тој го исполнува. Едно семејсто помогна да се оформи Косово, со тоа полека почна да се реализира планот за Голема Албанија во кој е вклучен голем дел од Македонија, но и Скопје.“
Петровски посочи дека обвинувањата на порталите блиски до СДСМ се неточни и го отфрли гласините дека тој шири анти-американска политика.
„Јас ширам антисоросидна политика. Семејството Клинтон преку својот исполнител Џорџ Сорос погазија многу држави во последниве 4 години. Сирија е уште свеж пример. Сетете се на Киев, сетете се на Таксим во Истанбул, сетете се на Египер, Либија… Сетете се што се случуваше со обоените револуции. Сетете се на Срѓа Поповиќ. Јас сум против нив затоа што знам што ѝ намериле на Македонија“ – рече тој.