Синоќа на ТВ Нова се одвиваше дебатата „До изборите и по нив“, помеѓу Роза Топузовска, Филп Петровски и Алберт Муслиу.Политичката ситуација во земјата е непријатна и пред сѐ неизвесна кога станува збор за исходот кој македонскиот народ го очекува веќе скоро две години, со кој би се видел крајот на нестабилноста во земјата.
СДСМ одлучи повторно да го прекрши Пржинскиот договор со тоа што нивните технички министри и заменици-министри поднесоа оставки.
Од друга страна, расчистувањето на Избирачкиот список од ДИК се одолговлекува и работата е недовршена. Секое ново одложување на рокот за расчистување носи со себе кобни последици за демократијата, политичкото владеење и пред сѐ стабилноста во државата.
Меѓу темите за кои се зборуваше беше и Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева.
-Вие имате една обвинителка на која некој ѝ дава мандат за да ја разреши политичката криза. Наместо да ја разреши кризата, таа создава дополнителна криза. Излегува на прес-конференција, најавува некаков случај „Титаник“, бара апсења, Едмонд Темелко го приведуваат без налог. И тоа началник на полицијата поставен од МВР по наредба на Спасовски – му објасни Петровски на Муслиу.
Петровски запраша како тогаш може тој началник да сноси одговорност за несовесното работење, ако зад него стои министер поставен во МВР за да го заштити.
-Како може некој да го обвини за нешто, кога истиот тој човек потоа ќе оди во штабот на Заев да се жали и подоцна тоа ќе дојде до Орав и другите странски претставници, невладините организации – додаде Петровски.
За апсењето на Темелко наведе дека градоначалникот на Пустец бил буквално киднапиран од полицијата и без налог однесен во полициска станица. За тоа кој ќе одговара за таквиот брутален начин на постапување, Петровски објасни дека е невозможно бидејќи државата располага со технички капацитети кои ги штитат интересите на СДСМ.
Слушнете повеќе во продолжение:
Политичката ситуација во земјата е непријатна и пред сѐ неизвесна кога станува збор за исходот кој македонскиот народ го очекува веќе скоро две год