Петровски: Потребата за самостојна независна држава никогаш не престанала да биде идеја која ги водела нашите Илинденци

Директорот на Државниот Архив на Република Македонија, Филип Петровски  гостуваше во  емисијата „Јади  Бурек“  со  Јанко Илковски. Тема на разговорот во вчерашната емисија беше промоцијата на книгата  „Илинденските сведоштва“ , издадена од Државниот Архив на Р. Македонија.
„Во книгата станува збор за околу 3000 сведоштва, кои  што  не се оптеретени со пропагандите кои  се наменувале со децении и  пропагандите кои  што  се обидуваа да го уништат македонскиот дух, односно пропаганди кои имаа за цел поделбата на Македонија во 1913 да ја отсликаат  како  праведна работа. Кога ќе ги  читаме вие сведоштва ќе го  доживееме  токму она спротивното. Ќе сфатиме дека духот на Илинденците, желбата и потребата за посебна, независна, самостојна  држава траела со децении по Илинденското  востание, по  Балканските војни, распарчувањето и по поделбата во три  држави, дека нашите дедовци и  нивните дедовци  секогаш биле на иста чиста мисла.
 Денес сакам со овие илинденски сведоштва да спојам истражувања на странскиот печат, да видиме како  таа борба тој чист јасен идентитет и  потреба за самостојна независна држава  никогаш не престанала да биде идеја која ги  водела нашите илинденци“, објаснува   Петровски.
Тема на разговорот во вчерашната емисија беше промоцијата на книгата  „Илинденските сведоштва“ , издадена од Државниот Архив на Р.

Пронајдете не на следниве мрежи: